(ФОТО) Дачиќ радосен: Косово веќе нема мнозинство во ОН – Сиера Леоне го повлече признавањето

0

РТС јавува дека Сиера Леоне, која се наоѓа во западна Африка на брегот на Атлантскиот Океан, е 18-тата држава која го повлече признавањето на Косово како независна држава.

„Со особено задоволство можам да ја покажам нотата од министерството за надворешни работи во која се наведува дека Сиера Леоне го повлекува признавањето на Косово како независна држава и дека ќе ги почитува резултати до кои ќе се дојде во дијалогот, со посредство на ЕУ и ОН“, изјави Дачиќ.

Шефот на српската дипломатија кажа дека во моментов, од 193 членки на ОН, 92 го признаваат независно Косово, 96 земји не го признаваат, додека пет земји се со флуиден став, односно главно го признаваат Косово, но повеќе не гласаат за Косово.

„Тоа значи дека Косово повеќе нема мнозинство во ОН“, наведе Дачиќ.

Тој истакна дека ова „одпризнавање“ на независноста на Косово е од особена важност за Белград и потсети дека Сиера Леоне била меѓу првите држави кои ја признаа независноста на Косово во 2008 година.

Дачиќ кажа дека во Фритаун имал успешни разговори со претседателот и дека е договорено билатералните односи, кои со години биле во застој, да се унапредат.

„Претседателот го даде налогот на министерството за надворешни работи да го преиспитаат ставот за признавање на Косово“, истакна Дачиќ.

Додаде и дека се очекува посета на претседателот на Сиера Леоне во јуни, пред што во Србија ќе дојде министерката за надворешни работи за да ја подготви посетата, пренесува порталот мкд.мк.

Претходно денес, Косовскиот премиер Албин Курти, по повод денешната информација дека Сиера Леоне го повлекла признавањето на независноста на Косово, оцени дека, наспроти неговата изразена волја со укинувањето на таксата на увозот на суровини од Србија да создаде услови за обнова на дијалогот и градење конструктивни односи, „српската Влада одговара со интензивирање на кампањата за поблекување на признавањата на Косово”.

– Исто така, ќе барам од релевантните меѓународни фактори, во прв ред од САД и Европската унија, како посредници во процесот на дијалогот, да го зголемат притисокот врз Србија за да ја прекине непријателската политика кон Косово, напиша Курти.

Претходна статијаВо Штип денес уште помасовно: Учениците го кренаа гласот – ќе ја бојкотираме наставата
Следна статијаКоровешовска му објави видео како се потсмева со Македонија – Петар Колев вели, не е тоа што мислите