Премиерот Еди Рама продолжува да ги повикува граѓаните строго да ги почитуваат препораките кои се однесуваат на забраната за движење и да не ги кршат утврдените часови за тоа. Во својата објава на социјалните мрежи, Рама вели дека бројот на заразени лица ќе се зголеми.
„Денес бројот на позитивните се зголеми! Сепак во рамките на прогнозата, слава му на Бога и ќе продолжи да расте уште повеќе оваа недела! Но, голем предизвик е тоа да не биде од нашата глупост и да излезе од контрола“.
„Ве молам, како Христос и Мухамед, не играјте со оган и немој да одите еден чекор подалеку од границите што се поставени за секого!
Утре започнува нов ден со предизвик да не се прекршуваат распоредите за движење, не застанувајте со други, не создавајте групи по пазарите и вратите на трговските објекти, апелира Рама.
„Ве молам, ве молам, ве молам, не го земајте на душа вашето семејство и Албанија со идиотски броеви во кршење на правилата на војната! Ве молам, разберете колку е срамно и криминално да ни починат на стотици,не дај може и илјадници луѓе, поради едно мало малцинство затоа што не сака да ги почитува препораките и мерките а со тоа станува предавник, пишува Рама.
Наведува дека државата прави се за својот народ. Сите сме едно семејство и нема поголем срам во историјата да изгубиме една војна како оваа, затоа што не можеме да останеме дома,го завршува постот на Фејсбук,албанскиот премиер Еди Рама.