Дачиќ со јасна порака, – не доаѓајте во Србија, ве чека карантин од 14, а можеби и 28 денови

0

Министерот за надворешни работи на Србија Ивица Дачиќ за ТВ Прва изјави денеска дека Владата одредува приоритети на пристигнувањата.

Меѓу оние што чекаат да се вратат има туристи, студенти, оние кои работат во странство, како и оние кои се лекуваат во странство.

– На секого сега веќе му е јасно дека одлуката ќе биде строга и за почитување; секој што ќе дојде ќе мора да оди во карантин 14 или 28 дена. Нема никаква можност оваа мерка да биде прекршена.

Ова е одговорност на МВР, изјави Дачиќ, кој додаде дека „приоритет се децата, учениците и студентите, како и болните лица кои се лекуваат во странство и оние кои се на службени патувања. На крајот на списокот се туристите“.

Тој упати порака до граѓаните да не доаѓаат во Србија ако не морааат.

– Има стотина лица кои сакаат од Италија да дојдат во Србија. Советот е: Не тргнувајте!, рече Дачиќ.

– Италија во моментот е како Вухан. Тоа е голем ризик и ако дојдат ќе бидат во тежок карантин 28 дена, порача шефот на дипломатијата.

Претходна статија(ВИДЕО) Пранкер од Битола се претстави дека дезинфицира, па ги наседна и надлежните
Следна статијаСЛЕДЕТЕ ВО ЖИВО: ПРЕС на Министерот за здравство Венко Филипче