Д-р Несторовиќ и премиерката Брнабиќ: Утре ќе биде најкритичниот ден во Србија

0

Премиерката Ана Брнабиќ изјави дека врвот на епидемијата со корона вирусот во Србија очекуваат да биде најкритичен 15.ден од првиот случај, а пулмологот Бранимир Несторовиќ од Универзитетската детстка клиника прецизира дека тоа ќе биде утре, во петок.

Тој ова го очекува бидејќи третата недела расте бројот на заболени, а во четвртата епидемијата го доживува својот максимум.

Се смета петнаесеттиот ден од првиот потврден случај и затоа многу е важно да има што помалку потврдени позитивни случаи на корона. Ако имаме 5-6 потврдени случаи дневно не е страшно, вели тој. Меѓутоа, го имаме примерот со Словенија каде третата недела се удвои бројот на заболени за само еден ден. Тоа не се случи само во Словенија, туку и во други земји – вели д-р Несторовиќ.

На прашањето дали такво сценарио се очекува и за Србија, тој потсетува дека моментно нема загрижувачки број на заболени, но смета дека сека сепак бројот е зголемен во однос на оној од февруари.

Како потсетување, првиот заболен случај од корона вирус за потврден во петокот, 6.март кај маж (43) од Бачка Топола.

Никој не кажал досега, но јас мислам дека веќе имавме еден куп заразени со поблаги симптоми кои не беа забележани како корона. Бидејќи, во Холандија првиот случај беше забележан на 26 февруари, кај некој што се вратил од Италија, а сега веќе имаат преку илјада заболени.

Ние имавме многу поголем број на луѓе кои се вратија од Италија и ние веројатно тогаш, во февруари сме ги имале првите случаи, но не сме биле свесни за тоа, бидејќи биле поблаги и не сме ги препознале.

Па така, на мислење сум дека кај нас вирусот веќе подолго време циркулирал и дека голем број луѓе имале инфекција. Лично мислам дека кај нас ќе нема голем експоненцијален скок, но и ако го има, нема да биде толку страшен доколку заболувањата се меѓу младата и здрава популација – објаснува тој.

Според неговите зборови, младите се болни 7 дена и после тоа не им е ништо. Оној кој ќе разболи, петтиот ден е или за респиратор или не. Видете, веќе многумина ги испративме дома, околу половина оздравеа.

Па така, засега не е страшно, само да се надеваме дека нема да имаме страшен скок меѓу постарите кои се во ризична група, тоа не може ниеден здравствен систем во светот да го издржи.

Затоа постарите треба да се пазат, да не се шетаат по супермаркети, по пошта, аптеки и да се дружат во парковите. Разбирам дека на некои нема кој да им донесе намирници и она што им е неопходно, но не треба да се задржуваат на такви места и да преземат сè што е потребно за да се заштитат од вирусот – вели Несторовиќ.

Претходна статијаНад 500 Македонци треба итно да ја напуштат Малта: Сите сме ниту на земја ниту на небо
Следна статијаДали смеат да ве отпуштат од работа во вонредна состојба – одговорот го дава Адвокат Николче Митевски