,,Баш ги брига” – италијански фудбалер раскажува како се однесуваат Италијаните

0

Алехандро Гомез, капитенот на италијанскиот прволигаш Аталанта чиј меч во Лигата на шампионите против Валенсија во Милано се смета за причинител на ерупцијата на короанвирусот во Италија, вели дека жителите во Бергамо, најтешко погодениот град од епидемијата, користат секакво изговор за да се обидот да го избегнат карантинот.

Според владината урадба, на жителите им е дозволено одење во супермеркетот, на работа ило кусо да го прошетаат домашното милениче. Но Гомез истакнува дека многу тие прописи ги користат до крајните граници.

„Сѐ уште има луѓе на улиците. Има оние кои одат на трчање, они кои одат во парк да вежбаат, кои ги изведуваат кучињата и минуваат еден час во шетање, бидејќи им е здодевно дома или оние кои лажат дека одат во супермаркет. Јас останувам дома, иако сум спортист и тоа ми е работата“, вели Гомез за аргентинскиот спортски дневник Ole.

„Во Бергамо од 600 семејни (матични) лекари 134, или 22 отсто, се разболени или се наоѓаат во карантин поради коронавирусот“, вели Гвидо Маринони, шеф на локалното здружение на лекарите од општа пракса, додавајќи дека тројца лекари веќе починале.

Првите случаи вируси се забележани на северот од Италија во седмциата кога Аталанта уживаше во една од најубавите вечери во клупската историја, победувајќи ја Валенсија со 4:1 во првиот меч од осминафиналето на Лигата на шампионите одигран на милански „Сан Сиро“.

„Мислам дека на почетокот имаше многу дезинформации и сите ова го сфатиме многу лабаво. Мислевме дека тоа е само уште еден грип, вирус кој како и секој друг доаѓа на зима, така што продолживме да живееме со нормален живот“, вели Гомез.

„Другиот ден војската дојде по ковчезите на починатите и ги кремираше некаде на друго место, бидејќи на гробиштата повеќе нема место. Неверојатно е. Секое утро станувам за да гледам вести и секогаш е лошо“, истакнува Гомез.

До понеделникот вечерта на подрачјето на Бергамо, со 1,2 милиои жители имаше 6.471 потврден случај на коронавирус. Но последните податоци во понеделникот зборуваат за пад на заразените втор последователен ден. По 715 случаи во саботата и 347 во неделата, во понеделнитекот регистрирани се 255 новозаразени.

Извор: Нетпрес

Претходна статијаТричковски: Ми иде никогаш да не излезам од оваа самоизолација
Следна статијаПрилепчани отидоа мнигу напред – заштитни штитови за медицинарите