Србија нема две или три столици на кои седи, туку само една – српската, изјави српскиот престседател и лидер на СНС Александар Вучиќ. Тој истакна дека е горд на фактот што Србија води самостојна, независна политика.
„По многу години Србија има своја политика која ние ја воспоставивме“, истакна тој во обраќањето пред своите сопартијци.
Вучиќ истакна дека на американското прашање што ќе им е на Србите рускиот ракетен систем „панцир“ ќе одговори кога тие ќе одговорат на едно негово прашање:
„Во ред, нема да купуваме или произведуваме оружје, но зошто им дадовте кајова хеликоптери и панцер хаубици на Хрватска, зошто ги вооружувате Албанците на Косово? За едните да ја нападнат Австрија, а другите Албанија?
Дали мислите дека треба да бидеме најслаби, за потоа кога ќе ви притреба да кажете „погледнете се колку сте воено слаби, да не ви пуштиме некој против вас, како во 1995 кога за малку ќе паднеше Бања Лука““, кажа Вучиќ.
Суштината е во тоа, истакна, никого да не чепкаме, да сакаме да го зачуваме мирот, но и да сакаме да јакнеме и да купуваме одбранбено оружје.
Вучиќ најави дека пред Србија е тежок период во политичка смисла, дека ја очекуваат големи притисоци околу Косово, но порача дека нема да прифати ништо што би ја понижило или посрамило Србија.
„Многу се лажат оние кои сонуваат дека ќе ни подвикнат, а ние ќе ја признаеме независноста на Косово“, порача српскиот претседател.
Извор: мкд.мк