Во Хрватска започна да се оди во затвор за она што го прават многу Македонци

0

Општинскиот суд во хрватскиот град Вировитица осуди лице на една година затвор, затоа што лажело за поминатите километри кога продавало автомобил, пишува списанието ХАК.

Казната е условна, односно нема да оди во затвор доколку не изврши ново кривично дело во рок од три години. Пресудата стана правосилна пред една недела.

„Н. Н. е виновен за невистинито огласување на автомобилот, односно при продажба навел дека има поминато 254.000 км, знаејќи дека автомобилот имал поминато повеќе од 300.000 км и го продал за сума од 5.500,00 евра. По четири дена дошло до расипување на пумпата за масло чија поправка чинела 11.000,00 куни, а имало и други дефекти на возилото.

Така, за да се стекне со недозволена имотна корист, тој погрешно ги претставил фактите и сторил кривично дело – измама и кривично дело фалсификување“, се вели во пресудата.

Препродавачите на половни возила се веќе истренирани и знаат како да манипулираат со километражата на автомобилите што ги продаваат, и така ги ставаат во заблуда оние што сакаат да ги купат. И тоа е се почеста ситуација, иако во многу земји тоа е забрането. Во некои земји сегаа казните се драстични.

Нов предлог-закон е поднесен за разгледување во законодавното собрание на Петербург, и предвидува ефективно лишување од слобода за продавачите на користени автомобили, кои манипулираат со километражата соопштува агенцијата ТАСС.

Пратениците од северната престолнина на Русија предлагаат измени во Кривичниот законик на РФ, со кои би се казниле и други обиди за доведување во заблуда на купувачите на продаваните автомобили.

Новиот член од НК насловен како “измами при продажба на автомобил”, вклучува казни за бескрупулозните продавачи на возила од втора рака, кои премолчуваат пред купувачите за претходни штета што ги имало возилото. Предложената санкција е парична казна од 500.000 рубли (6.837 евра) и 360 часа принудна работа.

За промена на километражата на одомерот и обезбедување на услуги за враќање на километражата се предвидува затворска казна во траење до 4 години и парична казна во износ до 1 милиони. рубљи (13.674 евра). Авторите на законот сметаат дека степенот на казната треба да зависи од различни фактори како марката на возилото и километражата што е “изгубена” при манипулацијата.

Ако биде усвоен од законодавното собрание на Петербург, законот ќе биде доставен за разгледување во Државната дума на Руската Федерација.

Намалената контрола при техничките прегледи на возилата е причина за честите манипулации со километражата при продажбата на половни возила во Бугарија.

Ова го изјави Богдан Милчев, претседателот на Институтот за безбедност на патиштата, во емисијата на БТВ, во која се истражуваше начинот на кој се прават манипулациите при увозот на половни автомобили во Бугарија.

Новинарот во прилогот го проследува случајот за проверката за измината километража за еден автомобил, за кој е наведено дека „поминал“ 160.000 километри. По проверката на картонот за сервисирање на возилото издаден во Германија, било констатирано дека истиот автомобил поминал пат од 437.000 километри.
Богдан Милчев посочува дека проверката на километражата мора да се стави во редовните технички прегледи, кои најчесто се прават фиктивно.

Претходна статијаПомина законот за ЈО: Се гласаше двапати – ВМРО ДПМНЕ не признава
Следна статијаКаракамишева експресно објасни зошто не смеело да се гласа по втор пат за законот за ЈО