Помина законот за ЈО: Се гласаше двапати – ВМРО ДПМНЕ не признава

0

Пратениците го изгласаа Законот за Јавното обвинителство со 80 гласа ЗА, шест Против и без воздржани.

На почетокот од Седницата, се гласаше законот, но изгласаа само 74 пратеници, по што претседателот Џафери го поништи, бидејќи како што рече, не видел дека пратеничката Лилјана Поповска од ДОМ, побарала процедурално да говори.

Се бунеа пратениците од ВМРО ДПМНЕ, но Џафери го поништи и и дозволи процедурално на Поповска да се обрати, веднаш по неа говореше и пратеникот Ферид Мухиќ.

По изгласувањето на законот, на говорницата излезе пратеникот на ВМРО ДПМНЕ, Никола Мицевски и почна да вика „криминалци, криминалци“. Рече дека требало да биде прифатено првото гласање.

Пратениците денеска на повторено гласање со 80 гласа „за“, шест против и без воздржани го донесоа Предлог-законот за Јавното обвинителство.

Претседателот на Собранието Талат Џафери констатираше дека Собранието го донесе законот, на што бурно реагираа пратениците од опозицијата бидејќи за донесувањето на законот се гласаше два пати, по што Џафери даде пауза од еден час.

Претходно со почнувањето на 135. собраниска седница, прва точка на дневен ред беше Предлог-законот за Јавно обвинителство кој се донесува со двотретинско мнозинство, односно со 80 пратеници кои треба да гласаат „за“, бидејќи за него расправата заврши во текот на вчерашниот ден.

Претходна статија(ВИДЕО) Познатиот македонски пејач порача: Сонцето од Кутлеш вечно ќе живее
Следна статијаВо Хрватска започна да се оди во затвор за она што го прават многу Македонци