Шпански весник тврди дека има палата во Барселона – Бојко Борисов вели дека таму не бил со години

0

Бојко Борисов е долго на власт во Бугарија. Пред неколку години тој си поднесе оставка и на предвремените избори повторно победи, со што ја декласираше опозицијата која нокако не успева да го симне од власт.

Борисов е еден од лидерите на Балканот со најдолг стаж како премиер и претседател. На оваа листа убедливо води црногорецот Мило Џукановиќ, а тука се и српскиот претседател Александар Вучиќ и поранешниот Македонски премиер кој беше десетина години континуирано на функција.

Бојко Борисов пред новинарите во Брисел го демантираше написот во шпанскиот весник „Ел Периодико” дека се води истрага против него за перење пари и купување куќа во Барселона.

– По стоти пат ќе кажам дека ниту поседувам куќа, ниту имам недвижен имот, ниту сум бил во Барселона. Последен пат отидов како градоначалник пред 15 години, нагласи бугарскиот премиер.

– Не се мои пари, јас немам никаква врска со тие компании. Станува збор за луѓе кои не сум ги видел дури 15-20 години. Ниту пак некоја служба, обвинителство, полиција, ме побарале за да ме прашаат дали е тоа вистина, додаде Борисов.

На прашањето дали ќе разговара во врска со овие обвинувања со неговиот шпански колега Педро Санчез на маргините на Европскиот совет, премиерот Борисов рече дека не треба да се разговара за некоја тема што е јасно направена за да се извалка неговото име.

Во меѓувреме, претседателот на Комисијата за животна средина и членот на Комисијата за етика на ГЕРБ, Ивелина Василева изјави дека информацијата за спроведена истрага против Борисов од страна на шпанската полиција е „лажна”.

– Немам таква информација и затоа сметам дека не треба да коментирам нешто за кое верувам дека е лажно, истакна Василева во Народното собрание на Бугарија.

Инаку вакви измислени богатства на политичарите не се ништо ново. Плозн ато е дека и кај нас, кога опозицијата сакаше да го оцрни поранешниот премиер Љубчо Георгиевски, преку свои медиуми пласираше тези дека тој купил плац на Водно, па дека поседува вила на Флорида, јахта во Солунското пристаниште и.т.н.

Но ништо од ова не се докажа како реално. Истите тези кружат и за поранешниот премиер Никола Груевски, кој е сега засолнет во Будимпешта, но ниту еден предмет кој беше поведен притив него не докажа дека тој имал стекнато некаков имот преку корупција.

Еден од најпознатите случаи кога новинар извади информација за поседување огромни финансиски средства на политичар, беа написите на прерано заминатиот Никола Младенов.

Тој тогаш пишуваше за наводни швајцарски сметки со огромни пари на поранешниот премиер Бранко Црвенковски, но тоа не успеа да го докаже на суд.

Тогашниот премиер Црвенковски го доби случајот, а Младенов мораше да плати огромна сума како отштета за нарушениот углед во јавноста на Бранко Црвенковски.

Претходна статијаНе е се така идеaлно во ветената држава за многу Македонци
Следна статија(ВИДЕО) Еве каде се сместени Кинезите кои пристигнаа во Македонија: Околните жители загрижени