Продавачки од Скопје сведочат за тоа што се случува со фрлените фискални сметки

0

Осум месеци откако беше воведена мерката „Мој ДДВ“, со која преку скенирање на фискални сметки, граѓаните можат да го искористат правото на поврат на 15 проценти од ДДВ, дел од нив уште скенираат. Продавачите пак велат дека некои бараат и сметка повеќе, за да можат да го достигнат лимитот за поврат.

Редица купувачи стрпливо го чекаат својот ред за наплата во еден од големите маркети во градот. Куп фискални сметки собрани на каса. Едни заминуваат со фискалната во рака, други пак воопшто не ги погледнуваат. Сметките остануваат на касата, а потоа некоја од вработените ги фрла во корпата за отпадоци.

Оваа слика е честа појава не само во маркетите, туку и во аптеките и во трафиките во кои дневно има голема фрекфенција на луѓе.

Вработените со кои поразговаравме се свесни дека како вработени не смеат да ги скенираат сметките кои ги издаваат и затоа ако не ги земе муштеријата, истите ги фрлаат. Но, дел од нив раскажуваат дека има доста граѓани, особено постари, кои покрај нивната сметка, од нив бараат да им дадат што повеќе сметки кои не биле скенирани, за да можат тие да ги скенираат. Парадоксот оди дотаму што забележале и граѓани кои буричкаат во корпата за отпадоци во обид да соберат колку што е можно повеќе фискални за скенирање.

„Има граѓани кои прашуваат дали може да ги земат сметките на другите и ќе си ги земат. Претходно ретко кој земаше сметки, сега си ги бараат. Имаме случаи кога остануваат многу сметки, а јас не смеам да ги земам и затоа ги давам доколку некој ми ги побара“, вели продавачка во трафика.

Дека сметките не можат да ги скенираат како вработени во фирмата, знае и една сопственичка на продавница во центарот на Скопје. Таа вели дека секој ден носи различна приказна.

„Ние редовно издаваме фискални сметки коишто нели учествуваат во наградната игра за „Мој ДДВ“. Има и случаи кога ни ги бараат фискалните кои не биле скенирани од претходните муштерии, па си ги зимаат и си ги скенираат.

Зависи од денот. Некогаш не ни останува ниту една сметка, некогаш ги фрламе бидејќи муштериите не ги земале“, вели сопственичка на една локална продавница.

Целата сторија проследете ја на Радио Слободна европа.

Претходна статијаСопругот на познатата балканска текстописка доаѓа во Скопје да го брани Боки 13
Следна статијаВо 2020 со забрзано темпо се распаѓа Скопје 2014 – вчерашниот ветер откри нов неквалитет при изградбата