(ФОТО) Глетка од кој очите ќе ви се наполнат солзи: По Преспанското, пресуши уште едно езеро во Македонија

0

На социјалните мрежи кружи фотографија на која може да се забележи очигледната пресушеност на прекрасното Мавровско езеро.

Имено, на фотографијата можеме да ја забележиме дека на суво се наоѓа и црквата „Св. Никола Летен“ која обично е потопена во вода.

Мавровско Езеро — вештачко езеро во северозападниот дел на Македонија. Се наоѓа на 1.200 м надморска височина меѓу шумовити и високи планини.

На југ е заградено со шумовитата и тревна Влаиница, а на север со огранците на Шар Планина.

Сè до 1947 година на местото на денешното езеро се наоѓала Мавровската Котлина низ која течела Мавровската Река. Тогаш на реката на излезот од котлината и бил затворен патот кон Радика со голема земјена брана. Така котлината започнала да се полни со вода, а на нејзиното место се создало Мавровското Езеро.

Новосоздаденото езеро поплавило 1.370 хектари земјиште во тогашното Мавровско Поле претежно под ливади и акумулира околу 357 милиони кубни метри вода. Мавровското Езеро е долго 10 км, а широко од 5 до 3 км.

Најголемата длабочина од 50 м ја достигнува во близина на браната која е висока 54 м, долга 210 м и широка 5 м. Во основата браната е широка 286 м и во неа се вградени 705.000 м³ материјал.

Денес езерото освен со помалите притоки со вода се полни и од реката Радика. Канализираните води на оваа река се користат за добивање електрична енергија и за наводнување.Во зимскиот период езерото замрзнува секоја година.

Мавровското Езеро е порибено со пастрмка и со други риби, а околината му е богата со разновиден дивеч. Над езерото од сите страни се издигаат високи листопадни и иглолисни шуми, кои се огледуваат во бистрата езерска вода. Тие му даваат посебна убавина и изглед.

Состојбата со Преспанското езеро се следи во континуитет и се преземаат активности во рамки на надлежностите, информира Министерството за животна средина и просторно палнирање, кое најавува дека следната неделаќе се одржи координативна средба на национално ниво за да се разговара за досегашните активности и можностите за подобрување на спроведување на мерките на Планот за управување со сливот на Преспанското езеро.

Од Министерството наведуваат дека на состанокот ќе присуствуваат претставници од научната јавност односно научниот совет формиран за спроведување на Планот за управување со сливот на Преспанското езеро, општината Ресен, Управата за хидрометеролошки работи, МЖСПП, граѓанските организации активни во регионот и сите засегнати страни во имплементацијата на Планот, за да разговараат за досегашните активности и можностите за подобрување на спроведувањето на мерките од Планот.

Целта е во најкус можен рок да се изврши иницијална експертска анализа на причините за состојбата и можните следни чекори за следење и подобро управување со водостојот на Преспанското езеро.

Од Министерството истакнуваат дека со оглед на прекуграничниот карактер на управувањето со Преспанското Езеро поради неговата географска поставеност и по спроведената ратификација на трилатералниот „Договор за заштита и одржлив развој на пределот на Преспа Паркот“ од последната земја потписничка-Грција во 2019 година, со што истиот стапи на сила, Министерството се заложи да го иницира процесот на воспоставување на Комитетот за управување на Преспа Паркот и е во процес на обезбедување номинации од страна на земјите членки: Македонија, Албанија и Грција.

Во меѓувреме, користејќи ја веќе воспоставената меѓународна соработка на експертско ниво во рамките на проектот за овозможување на прекугранична соработка и интегрирано управување со водните ресурси во проширениот Дримски воден басен, Секторот за управување со водите во МЖСПП иницираше вонреден состанок на националните експерти од Дримската група за да ги разгледаат состојбите и да разменат сознанија и согледувања за начините за итно надминување на актуелните состојби со намалување на нивото на водата во Преспанското езеро.

Претходна статијаРама пристигна во Москва, но најверојатно од Путин нема да биде примен
Следна статијаГолемата германска компанија годинава ќе вработи 25.000 работници, ќе регрутира и во Македонија