Изминатиов период, на социјалните мрежи, нашите најпознати пејачки и манекенки, постојано објавуваат фотографии од своите прекрасно извајани тела, но пред сè, може да се забележи нивното задоволство и восхитеност од третманот и грижата која ја добиле.
Во нашата држава, особено во главниот град, работат десетици фитнес центри во кои можете да ја реализирате вашата физичка активност, но ретки се центрите каде можете да добиете и соодветен третман од стручни лица.
Еден од тие фитнес центри, ако не и најпознатиот е Пројект Фит!
Во Пројект Фит, освен Елена Ристеска, може да се сретнат и пејачката Тамара Тодевска, манекенката Катерина Ивановска, водителката Јелена Спенџарска, директорот на “Порше Македонија” Златко Муцунски, еден од најпосакуваните ергени во Македонија Душко Чифлиганец и многу други.
На што се должи популарноста на овој клуб меѓу македонската џет-сет елита и успехот кој таму го постигнуваат членовите?
Пред сè, на стручниот тим! Во Пројект Фит работат високостручни образовани фитнес инструктори, професори по физичка култура, на чело со Мирко Петровски, повеќекратен шампион во нашата држава во боди билдинг, носител на најголемите професионални лиценци од овој спорт во светски рамки, човек чиј тим е внимателно одбран од редот на дипломци на факултетот за физичка култура.
,,Помеѓу сите обврски, зар не можете да најдете 1 час за вежбање од вкупно 24 часа“, напиша Елена.
Е сега, што е интересно со последната обајава на Елена Ристеска. Првиот што и ја има допаднато фотографијата е Дарко Спејко.
Познато е дека Спејко ја прекина долгогодишната врска со инфлуесерката Љупка Митрова, а и Елена се обидува вешто да го крие својот приватен живот.
Но да не прејудицираме, можеби се работи само за искрено пријателство, или едноставно допаѓање на социјалните мрежи.