Игор Јанушев од ВМРО со големо ветување за пензионерите – им најавува покачување на пензиите (ВИДЕО)

0

Како се ближат изборите, почнуваат ветувањата од партиите, со цел добивање глас повеќе од противникот на престојните избори.

Претседателот на ВМРО-ДПМНЕ, Христијан Мицкоски, пред некој ден најави дека персоналниот данок за младите луѓе до 29 годишна возраст ќе биде нула. Тој исто така вети дека ќе ја намали невработеноста под десет проценти.

Денес генералниот секретар на партијата, Игор Јанушев со ветување до пензионерите. Ова е интегралиот текст од изјавата за медиумите:

Почитувани, обновата пред секој дом, обновата во секој град доаѓа. Денес сме овде во Пробиштип, ги посетивме неколку фабрики меѓу кои и една конфекција. За жал она на што сме сведоци денеска е дека власта, кри мина лно рек етарс ката ба нда на власт на Заев и на СДСМ се махери само во една работа, тие се махери за затворање фабрики.

После 69 години работа, сведоци сме на затворање на „Тетекс“ во Тетово.

Она на што се посветуваме, она што го ветуваме пред вас граѓаните е тоа дека со многу работа, со многу труд без воопшто да се штедиме ќе ја донесеме обновата после 12-ти април во државата.

Нема да ветуваме брда и долини, ќе ветуваме реални работи пред вас граѓаните. А, што е реално? Реално е нашето ветување дека во следните четири години во периодот од 2020 до 2024 година ќе ја намалиме невработеноста под 10%.

Ќе овозможиме зголемување на платите на сите за најмалку 25% или што би значело секој еден од вас да добие по негде околу 6.500 денари повеќе на платата. Ќе ги зголемиме пензиите за 20% или секој еден пензионер кој што е во пензија ќе земе негде околу 3.000 денари повеќе.

Го напуштаме концептот на прогресивниот данок, нешто што се виде дека како мерка е премногу избрзана. Но и мерка која што и покрај сите критики оваа криминално рекетарска банда на власт спротивно на сите нормални економски текови се обиде да го вметне во стопанството. Тоа ќе го напуштиме, ќе го вратиме назад рамниот данок и во самите први 100 дена истиот ќе го намалиме на 9%.

Почитувани граѓани, обновата доаѓа после 12-ти април со многу работа, со многу труд ќе ја воздигнеме државата од ова мочуриште во кое што во моментов се наоѓа.

Претходна статијаЕлена Ристеска објави фотка, тој веднаш и ја лајкна – се работи ли за нешто повеќе од пријателство
Следна статијаЕ ова се мерки за трето дете – понудата на Виктор Орбан за мажачка и деца