Дојде Тетка Марина од Германија и извади 100 евра од новчаник – мислев сака да ми ги даде но гадно се излажав

0

Пред неколку месеци, на гости ни дојде сосетката која замина да работи во Германија како медицинска сестра. Со мајка ми многу се дружеа, па едвај чекавме да дојде и да ни раскаже како си поминува таму.

Во иста зграда живееме од кога знам за себе, а јас со нејзината ќерка сме најдобри другарки. Се дружиме уште од градинка, па и јас бев среќна на нејзината среќа дека ќе си дојде мајка и’.

Чекавме да поминат неколку денови за да се одмори и да се извиди со сите роднини, па и соопштивме дека е поканета во недела на свечен ручек кај нас.

Бев со мајка ми да и помагнам при пазарењето на намирниците, а потоа со нејзина помош и упатства направив многу убава торта. Со нетрпение ја чекавме тетка Марина. И ете, дојде тој ден. Весна, ќерка и’, цел ден се врткаше нешто околу мене и помагаше во кујната.

Кога дојдоа гостите, сите седнавме и се расприкажавме. Беше многу весело, а тетка Марина раскажуваше многу интересни работи за Германија. Рече дека убава е живеачката таму, многу се работи, ама дека носталгијата по домот и семејството биле премногу силни.

Секоја вечер едвај чекала да се слушне со мажот и децата, зошто инаку не ќе можела да заспие. На сите нас ни донесе подароци, за секого по нешто. Главно беа ситници, ама – од странство беа!

Едно време, тетка Марина ја повика Весна, ама Весна беше излезена до дома да земе нешто. После почна по мене да вика. Јас се приближив до неа, и реков “Повели, тетка Марина”.

Кога, таа се фати за паричникот и извади 100 евра. Мене почна срцето силно да ми чука, многу се израдував. Си помислив, леле колку многу пари, сигурно ова ми дава за да си поделам со сестра ми.

Чисто од култура и’ реков “Фала тетка Марина, ама не треба, тоа се големи пари за мене”.

Таа ме погледна и се насмеа, па ми рече “Аааа, знам дека се големи пари, туку појдете со Весна до менувачницата подолу, сменете ги и купете ми цигари, немам ништо ситно”.

“И земете си за вас чоколадо или сладолед, што си сакате!”

Значи колку се посрамотив, не можам да ви опишам. А видов дека и на мајка ми не и беше сеедно. Немате поим колку е грозно чувството. После тоа се смеевме на моја шега, ама помина. Тој момент нема никогаш да го заборавам.

И.П. Фото: Илустрација

Авторски текст, не смее да се реемитува на други портали без одобрение од редакцијата на Галама.

Претходна статијаТина ми раскина по 4 години врска, а јас го истетовирав нејзиното име – еве што се случи потоа
Следна статијаНајбогатиот – Бил Гејтс ја открива формулата како да се стане богат