Тина ми раскина по 4 години врска, а јас го истетовирав нејзиното име – еве што се случи потоа

0

Се запознавме во средно училиште и оттогаш бевме неразделни. Како да ви кажам, секој божји ден бевме заедно! Или таа кај мене, или јас кај нејзе или висевме по клупите.

На почетокот ми пречеше што ме зафркаваа другарите, ме нарекуваа папучар и секако, ама после тоа сфатија дека сум сериозен и ја прифатија нашата врска.

Сите мислеа дека ќе се земеме. И јас да бидам искрен, така си мислев. Нејзините ме прифатија како роден син, па последната година ме зедоа со нив на одмор.

Честопати со татко и одевме во нивната викендица и таму му помагав околу куќата и дворот, а некогаш правевме скара и се дружев со неговите пријатели.

Можеби бев млад и неискусен, ама сето тоа внимание многу ми значеше и мислев дека сум прифатен и дека ме сакаат повозрасните.

А татко и на Тина, иако во години, ама сепак беше мангупчиште со тетоважи, мотори и слично.

За да ја докажам својата љубов и посветеност и јас еден ден отидов и се истетовирав. Набрзо после тоа таа ми раскина зошто сум премногу “лигав” и досадно и било со мене.

Сакала девојата малку авантура и промени, зошто сме се врзале од премногу млади. Еден живот сме имале, па требало да го живееме максимално, а не да се затвораме во врска како нашата.

Јас ја слушав и не ми се веруваше она што ми го збореше! Тоа не беа нејзини зборови, сигурен бев дека некој и ја наполнил главата.

Ја молев да размисли, да не избрзува, да си дадеме мала пауза ако сака, ама после пак да се обидеме.

Ама џабе беше сè, набрзо слушнав дека таа си фатила нов дечко, и тоа беше тоа, крај. Следните две години барав начин како да ја отстранам тетоважата, па одлучив да ја отстранам ласерски.

Ми препорачаа една ординација, па се јавив и закажав термин. Кога дојдов на одредниот датум за да ме прегледаат, ме пречека една многу љубезна медицинска сестра.

Многу ми се допадна и многу сакав да се запознаам со неа. Ако сакате верувајте ми, ако не-не, ама сестрата се викаше Кристина, а другарките ја викале Тина!

Епа сакав да ви кажам дека со оваа медицинска сестра сум веќе три години во врска, а следниот месец имаме закажано свадба! Инаку, не ја отстранив тетоважата…

Фото: Илустрација

Извор: Редит

Претходна статијаМакедонците Анита и Климе го имаат најдобриот ресторант во Мајами – Ни значи кога се зборува за тоа од каде сме
Следна статијаДојде Тетка Марина од Германија и извади 100 евра од новчаник – мислев сака да ми ги даде но гадно се излажав