Фросина од Скопје: Една од причините за брак е трудноќа, каде невестата има незгоден татко и набилдан брат

0

Статус на Фросина Ѓорѓиевска: Постојат 6 вида на брак:

1.Брак од љубов, каде сакаш некој и не знаеш да објасниш зошто, бидејќи ако знаеш, тогаш не е љубов, туку е вид на интерес (вид на брак во изумирање)

2. Брак од материјална корист, каде најчесто искористениот има илузија дека е од љубов.

3. Брак од трудноќа, каде невестата има незгоден татко, набилдан брат или мајсторот е голем љубител на деца, ама не е толку љубител на невестата, која и покрај трите години одење, планираше да и раскине, ама од фирмата на Ду рекс го заебаа или го има заебано пијаниот викенд каде се опуштил со алкохол и за секунда помислил дека е таа вистинската. Ама ко пројде секундата, се покаја, ама нема назад.

4. Љубов од очај, најзастапена кај женскиот пол. Одлука базирана на работата на јајниците. Коа имаш над 35 години и мислиш дека нема да најдеш соодветен татко на твоето дете, па се задоволуваш со трошки, т.е. со кој било, каков било, што ќе покаже интерес и нежност за тебе. А и тој е нежен од истите причини.

Шо е битно. Битно е да е машко, да има добра сперма и да те сака. Не треба поише. Што ќе ти се заеднички интереси, муабет, патувања, проширени хоризонти, дискусии на теми каде ќе растете и учите заедно. Тоа е неважно.

Јајник и пе нис бе. Тоа е перспективата ко имаш над 35. Истата визија за живот ја има и моето куче, btw.

5. Брак затоа што така треба, така е редот, да се омажиш/ожениш, пошо сите така праеле. Тоа е онаа сорта на луѓе кои сакаат да раскинат долга врска и да се препуштат на живот за каков што потајно сонуваат, да се осетат конечно живи и полни со ентузијазам, ама немаат храброст, затоа што нивните соништа не се исти со замислата за нормалност која ја наметнува средината во која живеете.

На крај ја бираат линијата на помал отпор и си влагаат у машинеријата на општеството, си се мажат/женат и после свадбата продолжуваат со депресијата, која во најдобар случај, поради возбуда од новиот начин на живот исчезува на година, две, три или пет, па после се враќа со поголем залет, принудувајќи ги партнерите на развод или фаќање швалер/ка како одржувач на и онака несреќниот брак.

6. Брак заради брак. Тоа е оној момент коа си фасциниран од самата институција брак, која во вашата глава таа институција ја доживувате како најголем дострел што еден човек може да го постигне во животот, па не ви е толку важен актерот во таа претстава, туку важно е само да ви се случи таа претстава, без да размислите дали ќе е тоа трагикомедија, хо рор…

Наравоучение: одберете го првото. Ако ви се случи ок, ако не, со останатите точки ќе бидете понесреќни отколку сами, aма не го знаете тоа или не сакате да си признаете дека некогаш самотијата е подобар избор од лажна или еднонасочна љубов. Останатите точки се за слаби личности.

Претходна статијаТурунџиева објави новогодишна фотка со трудничко стомаче (ФОТО)
Следна статијаЗамина Дејвид Штерн – играчите и клубовите во НБА тагуваат