Турунџиева објави новогодишна фотка со трудничко стомаче (ФОТО)

0

-2019-та беше година на чудата. И благодарам на се што донесе, а посебно на се што однесе од мојот живот… И во 2020та продолжувам да верувам во чуда… Нека трепка!- гласи новогодишната желба на ТВ водителка, музичар и писателка Сузана Турунџиева.

Во 2019 година таа стана млада баба, а нејзината ќерка Лора се омажи и за првпат се оствари во улогата на мајка.

Току затоа, тоа беше најубавото чудо во животот на Сузе за годината која измина.

Турунџиева ја навјасаа спомени или носталгија за годините наназад, па почна да објавува досега невидени фотографии од пред една деценија, односно во времето кога водеше емисија на А1 телевизија, а беше и бремена со ќерката Матеа.

Сузе ги изненади своите следбеници со овие ретро фотографии, а со тоа покажа дека секоја година која останува зад нас има свои позитивни и негативни страни, но најдобро за нас е од оние не толку добрите да извлечеме поука, а за оние убавите да бидеме благодарни на Бога!

Извор: Вистина

Претходна статијаПознатиот менаџер Цајо се потсети на ,,искачањето” во Турист и на животот во убавото време
Следна статијаФросина од Скопје: Една од причините за брак е трудноќа, каде невестата има незгоден татко и набилдан брат