Лила го покажа најубавиот жив ,,украс” во својот дом (ВИДЕО)

Новогодишната еуфорија нема кого не зафатила, особено на само два дена пред Новата 2020 година.

Домовите светат во најразлични бои од украси и сијалички, а за Лила веќе стана традиција да ја покаже декорација од празничниот амбиент во својот дом.

Висока елка, разни украси, свеќи… дневниот салон на ТВ водителката изгледа магично и освојува на прв поглед.

Сепак, оваа година има нешто ново и поралично од сите претходни.

Лила го има Рагранр -веројатно веќе знаете, тоа е нејзиниот мачор кој не сака неговата газдарица да го снима и фотографира.

Така беше и сега, додека таа го снимаше секој агол од домот, на крајот од видеото тука е и црно белиот мачор легнат на фотелјата, свртен со грб.

Се надеваме дека додека Лила спие или не е дома, Рагнар нема да ја уништи декорацијата, но во секој случај, годинава тој е најубавиот жив крзнен „украс“ во нејзиниот дом.

Видеото погледнете го ТУКА

Извор: Вистина