Се игра ли договорена игра за одложување на изборите – Заев бара нов предлог за министер за МВР, Мицкоски не отстапува

0

По вчерашниот предлог од страна на опозицијата за технички министер за внатрешни работи, многу аналитичари оценија дека се работи за противуставен предлог, бидејќи Ковачки не бил цивилно лице три и повеќе години.

Денес Премиерот Заев побара опозицијата да предложи ново решение, но од таборот на ВМРО велат дека вакви преседани се правеле и во минатото и дека нема пречка врвен професионалец да не биде прифатен за технички министер. Ова е денешниот статус на Мицкоски:

Поставувањето на врвен професионалец на чело на МВР без ниту една дамка во кариерата не е природна средина за челниците на Власта. Наместо ова да биде правило во нормална држава, ваквиот предлог се доживува за исклучок, и затоа е голем отпорот во власта.

А она што насушно и треба на Македонија е професионалците кои оваа влада сега ги става на маргините, да им се даде шанса да ги превземат работите во свои раце.

Фактите говорат дека оние кои се огрешиле спрема законот се плашат од професионалец кој ќе ги открие, разобличи и ќе се бори против нив.
Заев и СДСМ очекува решение за човек кој мислат дека ќе го држат во рака за да продолжат со нивните комбинации.

А ние со ваков предлог сакаме да направиме дисконтинуитет во хаосот кој Заев и Спасовски со лошото менаџирање во МВР го создаде во државата, дисконтинуитет на рекетите под државна капа, клановите блиски до власта кои спроведуваат криминал, дисконтинуитет на бандитизмот кој се шири низ улиците, заплените автомобили, дрогата која е на секој чекор. И ВМРО не отстапува од борбата против сето ова.

Она што ми е поважно од тоа да се избере решение кое ќе му се допадне на Заев, е да се бори против криминалците и да и служи на Македонија.

Благодарност до сите кои се јавија и изразија поддршка за нашиот пристап. За решение кое е без ниту една црна дамка, што и највеќе ги плаши криминалните од власта. Тоа пак ме охрабрува да продолжиме со нашата заложба за борба против корупцијата, криминалот и мафијата која е спрега на политика, криминализиран дел од полициското подземје и бандитите на улиците кои одработуваат за власта.

ВМРО-ДПМНЕ и јас како нејзин претседател верува во професионалците кои се дел од нашите институции, во чесните луѓе кои се разочарани од оние кои гледаат на политиката низ призма на само личен интерес и воедно имаат надеж дека доаѓаат луѓе кои ќе се борат за да сето ова го променат и да вратат ред и поредок во државата.

Тоа се храбри луѓе кои ќе бидат мобилизирани и затоа стравот кај многумина од овие криминални структури е очигледен. Токму затоа е и нашиот предлог за технички министер, бидејќи тој човек ќе работи со тие професионалци и храбри луѓе кои не се плашат, и ја сакаат Македонија затоа што немаат резервна држава и се надвор од клановските врски меѓу подземјето и политиката.

И знам дека вакво едно решение ја избезумува власта и нејзините перјаници кои треба да знаат дека допрва ги чека главоболка пропорционална со степенот со кој се огрешиле спрема законите и народот на Македонија. Затоа ја повикувам Власта да не ги одложува работите, кочењето на професионалец за МВР, нема да го избегне неминовниот пораз, туку ќе го зголеми.

Вистината зошто го оспоруваат нашиот предлог за технички министер за Внатрешни работи треба да се бара во истата причина зошто претходно пуштија над сто закони во Собрание, повеќето за заштита на личните и лукративни интереси на врхушката на власт, или пак во тоа што го одбија предлогот за превремена ратификација на протоколот за членство во НАТО.

Сето ова е само алиби, а вистината лежи во сознанието дека ќе загубат на изборите и тоа ги прави нервозни и тогаш најмногу грешат, се плашат, галамат, даваат отпор кон она што е неминовно. А народот ги чека да им го даде црвениот картон и не е прашање дали ќе паднат, затоа што ним им се бројани деновите во политиката.”, напиша Мицкоски.

Доколку и едните и другите останат на своите позиции, тоа би значело дека ќе нема договор за техничка влада и ќе нема избори.

Јавноста е веќе навикната на вакви игри и е се потешко дфа се манипулира, па така, во денешните коментари на социјалните мрежи, сè погласни се шпекулациите дека ова е договорена игра меѓу власта и опозицијата за одложување на изборите.

Претходна статијаЛила го покажа најубавиот жив ,,украс” во својот дом (ВИДЕО)
Следна статијаНа настап во Германија на Дарко Лазиќ му улета девојка која тврдела дека има вонбрачно дете со неа