Стравична несреќа во Бежанска Коса: Мајка и ги пресекла вените на ќерката и ја фрлила од тераса

36- годишна мајка и нејзината 3- годишна ќерка настрадале уштинава во српската населба Бежанска Коса.

Според неофицијални извори на Курир.рс, пожар избил во станот на четврти спрат утринава во 8 и 20, а се сомневаат и дека мајката најпрвин и ги пресекла вените на ќерката, па ја фрлила од четвртиот кат, а потоа и самата скокнала.

Полицијата испитува и дали жената самата го подметнала пожарот. Според српските медиуми, досега немало пријави за насилство во ова семејство. Од Итната помош лекарите можеле само да констатираат смрт.

Извор: Прес24

Loading...