ВИДЕО Јелена Карлеуша кога го виде Боки 13 му се фрли во прегратка, не може да ги запре солзите

0

Пријатели, соработници и колеги денеска присуствуваа на комеморацијата за последен поздрав со мајката на балканската дива, Дивна Карлеуша.

Јелена Карлеуша е скршена од болка, не може да зборува и целата се тресе. Комеморацијата за нејзината мајка Дивна Карлеуша само што започна, а пејачката не може да си дојде при себе.

Покрај неа цело време е сопругот Душко кој што ја држи за раце, а поп дивата не ја крева главата и постојано гледа во подот.

Во овие тешки денови силна поддршка добива од сопругот Душко Тошиќ кој никаде не ја пушта да се движи сама со оглед на состојбата во која се наоѓа, но изгледа од многуте присутни кои ѝ одадоа сочувство, Јелена Карлеуша ја совладаа солзи кога се појави сопственикот на „1ТВ“, Бојан Јовановски кој со години наназад беше многу близок пријател со нејзината мајка Дивна Карлеуша.

Погледнете ја реакцијата на Јелена Карлеуша кога се појави Бојан Јовановски:

Имено, Карлеуша по смртта на нејзината мајка Дивна се повлече од јавноста и ги откажа сите настапи и појавувања во медиумите.

Популарната пејачка наводно веќе и го информирала директорот на Гранд Саша Поповиќ дека нема да доаѓа на снимањата на емисијата но, не прецизирала дали можеби ќе се врати пред крајот на сезоната.

Претходна статијаПо Јелена Карлеуша уште еден член од жирито ги напушта „Ѕвездите на Гранд“
Следна статијаСите во салата заплакаа по нејзините зборови – Потресен говор за мајката на Карлеуша