Сите во салата заплакаа по нејзините зборови – Потресен говор за мајката на Карлеуша

0

Водителка Јелена Петковиќ одржа потресен говор на комеморацијата на Дивна Карлеуша.

– „Драги пријатели, драги соработници, драги приврзаници на ликот и дел од Дивна Карлеуша, би сакала да ви се заблагодарам што дојдовте денес. Денес во 15:20 на Новит бежански гробишта ќе ја испратиме Дивна, а семејството ќе прима сочувство од 14.30 часот во капелата – го почнала говорот нејзината колешка низ солзи.

– „Многу ми е тешко, бидејќи ние научивме толку многу од неа. Ја нема повеќе нашата Дивна. Во неделата попладне сите не изненади од оваа грозна вест.

Јас се’ уште мислам дека тоа е само грд кошмар од кој ќе се разбудам. Како може светот да дозволи да замине некој кој бил толку голем, добар, искрен, некој кој бил борец, жена која победила во сурова борба со животот?

Каде заминуваат сите тие прекрасни луѓе како Дивна? Нели се доволно овие небесни простори исполнети со сите овие чисти души? Кога некој ќе каже дека е доволно?“ – скршена од болка говореше Јелена Петковиќ.

Јелена Карлеуша е скршена од болка, не може да зборува и целата се тресе. Комеморацијата за нејзината мајка Дивна Карлеуша само што започна, а пејачката не може да си дојде при себе.

Покрај неа цело време е сопругот Душко кој што ја држи за раце, а поп дивата не ја крева главата и постојано гледа во подот.

Имено, Карлеуша по смртта на нејзината мајка Дивна се повлече од јавноста и ги откажа сите настапи и појавувања во медиумите. Популарната пејачка наводно веќе и го информирала директорот на Гранд Саша Поповиќ дека нема да доаѓа на снимањата на емисијата но, не прецизирала дали можеби ќе се врати пред крајот на сезоната.

Претходна статијаВИДЕО Јелена Карлеуша кога го виде Боки 13 му се фрли во прегратка, не може да ги запре солзите
Следна статијаПо Брена се огласи и мајката на Филип Живојиновиќ – бебето донесе среќа во семејството