По Јелена Карлеуша уште еден член од жирито ги напушта „Ѕвездите на Гранд“

0

Јелена Карлеуша и Марија Шерифовиќ по четири години наводно го напуштаат шоуто „Ѕвездите на Гранд“, и веќе нема да бидат дел од жирито на популарното музичко натпреварување.

Засега не е познато дали Јелена воопшто ќе се врати на натпреварувањето, но директорот Саша Поповиќ мора да донесе замена.

Имено, на утрешното снимање на местото на Јелена ќе биде еден од најдобрите вокали на територија на Србија, а тоа е Ивана Петерс од групата „Негатив“.

Колку снимања Ивана ќе ја менува Јелена, останува да видиме.

Карлеуша по смртта на нејзината мајка Дивна се повлече од јавноста и ги откажа сите настапи и појавувања во медиумите. Популарната пејачка наводно веќе и го информирала директорот на Гранд Саша Поповиќ дека нема да доаѓа на снимањата на емисијата но, не прецизирала дали можеби ќе се врати пред крајот на сезоната.

Од друга страна, пак, Марија Шерифовиќ истакнала дека поради ангажманите и други планови нема веќе да може да доаѓа на снимањата на Ѕвездите на Гранд.

Сите тие снимања ми се многу напори, поради тоа што ова ми е веќе четвртата сезона како што сум во шоуто. Во некој следен период имам други планови кои ќе бараат помалку време да минувам во Белград.

Поради тоа не знам дали ќе можам да ги усогласам сите обврски со снимањата на емисии. Ќе разговарам со Поповиќ за сето ова , по што ќе видиме што ќе биде, истакнала Шерифовиќ во интервју за српските медиуми.

Претходна статијаБаба Брена е пресреќна што доби внук: Едвај го чекавме овој ден
Следна статијаВИДЕО Јелена Карлеуша кога го виде Боки 13 му се фрли во прегратка, не може да ги запре солзите