По Брена се огласи и мајката на Филип Живојиновиќ – бебето донесе среќа во семејството

0

Александра Пријовиќ и Филип Живојиновиќ денеска по прв пат станаа родители, а пејачката на свет го донесе нивниот син Александар.

Семејството Живојиновиќ се збогати за уште еден член, а во јавноста се огласи и мајката на Филип која е и прва сопруга на Боба Живојиновиќ.

Откако Лепа Брена во медиумите изјави дека едвај го чекале бебето, се огласи и Зорица, мајката на Филип.

-Јас денеска сум најсреќна жена на светот. Стигна нашата љубов, радост, среќа. Стигна Александар, напиша Зорица Накиќ на својот Инстаграм профил.

Александра Пријовиќ се породи со царски рез, а бебето е тешко 2.888 грама. Свадбата на Пријовиќ и на Живојиновиќ минатато лето беше еден од најинтересните настани за медиумите, најмногу поради креациите кои ги носеше Брена.

Претходна статијаСите во салата заплакаа по нејзините зборови – Потресен говор за мајката на Карлеуша
Следна статијаУште не му се родил синот, а Keмал го направи ова – фановите разочарани на што се е подготвен Бали-бег