Последен поздрав за водителката – Како Дивна можеше ти да заминеш, што ќе правам јас без тебе

Јелена Карлеуша не може да ги запре солзите

Водителката Јелена Петковиќ одржа потресен говор на комеморацијата на Дивна Карлеуша.

Многу ми е тешко со оглед на тоа што многумина учевме од неа. Веќе ја нема нашата Дивна. Во неделата сите не изненади веста за нејзината смрт. И понатаму мислам дека сето ова е кошмар од кој ќе се разбудам.

Како може светот да дозволи некој толку голем, добар и искрен да не може да победи една ваква грозна болест. Ова боли, рече водителката, а Јелена после овие зборови не можеше да ги запре солзите.

Инаку, пејачката е под јаки седативи, а цело време покрај неа е сопругот кој ја држи за рака.

Јелена Карлеуша е скршена од болка, не може да зборува и целата се тресе. Комеморацијата за нејзината мајка Дивна Карлеуша само што започна, а пејачката не може да си дојде при себе.

Покрај неа цело време е сопругот Душко кој што ја држи за раце, а поп дивата не ја крева главата и постојано гледа во подот.

Првите фоотграфии од ожалостената Јелена се појавија на сите српски медиуми.