Дивна за Лепа Брена го направила ова, по што била казнета – Таа никогаш не и се заблагодарила и ја изминувала на улица

0

Познатата новинарка и водителка Дивна Карлеуша која денес почина на 61 година, во едно од нејзините последни интервјуа ја раскажа својата животна приказна, од љубовните врски со постари мажи од кои ја доби ќерката Јелена, до работата на Радио 101.

– Уште во средношколските денови победував на натпревари во рецитирање, но и во пишување песни. Сакав да се запишам на Ликовна академија бидејќи одлично цртав, но не ме примија.

И денес сликањето ме опушта, па знам да си сварам кафе, да пуштам музика и по цела ноќ да бојам на платното. Инаку, се запишав на Правен факултет, но не го завршив. Се заљубив, се омажив и станав мајка – раскажа Карлеуша.

Дивна Карлеуша неодамна за српските медиуми раскажа дека додека била водителка во радиото 101 пуштала песни од Лепа Брена иако пејачката тогаш била во кавга со шефот на радио Белград.

Таа исто така признала и дека Брена тоа не го ценела, па дури и се случувало да пројде покрај неа и да не ја поздрави воопшто.

-Поради самоволието на само еден човек песните на Лепа Брена беа забранети. Намерно ги пуштав во етер и трпев рапорт и притисоци.

Не сметам дека никој од пејачите треба да ми биде благодарен дека сум им пуштала нивни песни, бидејќи само си ја работев мојата работа. Има и такви кои некогаш трчаа по мене бидејќи им бев потребна, а денес не ме поздравуваат, неодамна изјавила Дивна.

Јелена ги информираше следбениците на Инстаграм кога ќе се одржи комеморацијата на нејзината мајка.

-Во болка и очај ги известувам сите кои ја сакаа и почитуваа нашата Дивна дека комеморацијата ќе се одржи во зградата на Радио Белград во среда на шести март во 11 часот.

Пејачката ја испрати својата мајка и со некролог во кој напиша потресни зборови.

-Победничка моја, мој голем борец…не се грижи за ништо, се ќе биде онака како ти сакаше… гордост моја, љубов моја, убава и насмеана….спиј мирно, ангел мој… твоја Јелена.

Претходна статијаЈа критикуваа дека се расфрла со пари, но никој не знае дека Јелена тајно го правела ова за својата мајка
Следна статијаПоследен поздрав за водителката – Како Дивна можеше ти да заминеш, што ќе правам јас без тебе