Ќерките на Карлеуша ја дознаа лошата вест за баба им – Душко ја имал најтешката задача

0

Душко Тошиќ, во договор со неговата сопруга, Јелена Карлеуша, им кажал на ќерките Атина и Ника за смртта на нивната баба Дивна Карлеуша.

Бидејќи пејачката не може целосно да се посвети на ќерките, фудбалерот ја презеде одговорноста за нив пред да замине за Кина, пишува српски Курир.

Претходните денови за Карлеуша беа голем шок, па девојките ги пратија кај сестрата на Душко во Зрењанин.

– Јелена е надвор од себе, што е нормално, бидејќи нејзината мајка беше се’ во нејзиниот живот. Нивната блискост беше посебна, па таа сè уште не може да се помири со трагедијата што ја погоди.

Сепак, свесна е дека мора да биде силна и храбра за децата и мора да се врати на обврските што е можно поскоро, особено откако Тошиќ мораше да се врати во Кина поради своите обврски кон фудбалскиот клуб – вели извор за српскиот медиум.

Српската пејачка Јелен Карлеуша ќе си го смени името. Таа реши покрај своето, да го додаде и името на нејзината мајка- Дивна, во знак на благодарност и сеќавање на неа.

Пејачката одлучи за јавноста и понатаму да остане ЈК, но во личните документи покрај своето име ќе го додаде и мајчиното.

Инаку, познатата поп пејачка се уште е очајна поради големата загуба.

Според српските медиуми, нејзината здравствена состојба полека се враќа во нормала, но се уште постојано зборува за нејзината мајка и многу често се расплакува додека зборува со најблиските.

Пејачката изјавила дека сака да го додаде името на својата мајка и на тој начин постојано да биде поврзана со неа, но и да и се оддолжи за целата поддршка што и ја давала постојано додека била жива.

Претходна статијаПовлечена од јавност – Здравко Чолиќ е 18 години во брак, а еве како денес изгледа Александра
Следна статијаТурскиот актер ја остави 20 години помладата сопруга бидејќи многу трошела