Турскиот актер ја остави 20 години помладата сопруга бидејќи многу трошела

0

Турскиот актер, 46-годишниот Озчан Дениз, кој е познат по сериите „Судбина”, „Истанбулска невеста” и „Црна роза”, пред нешто повеќе од 11 месеци се оженил со манекенката Фејза Актан, а пред првата годишнина, парот се разделил.

Ожџан Дениз е еден од најплатените турски актери, нам познат од многу серии кои се емитуваа на нашите телевизии.

Го споредуваат со Џорџ Клуни, а тој вели дека тоа не му пречи, напротив го сфаќа како комплимент.

Овој миленик на женската популација не бил отсекогаш бога. Започнал од нула, а денеска поседува милиони благодарејќи на сериите во кои глуми.

Иако вели дека да се стане популарен во светот се станува на ист начин, но во Турција тоа оди малку потешко.

Имено, Фејза почнала неконтролирано да троши пари, па сопругот и ги затворил сметките, и ги одземал картичките и и дал само една која може директно да ја контролира, пренесуваат пријатели на актерот.

Неговиот потег многу ја налутил Актан, па почнале сериозно да се расправаат. Иако актерот тврдел дека не е вистина и дека бракот и натаму им е складен, пред околу 3 месеци се преселил во хотел.

Озчан не сака нова врска туку само старателство над нивниот 11-месечен син Кузеј, па поради тоа ангажирал адвокатски тим.

Претходна статијаЌерките на Карлеуша ја дознаа лошата вест за баба им – Душко ја имал најтешката задача
Следна статијаЖЕНСКИ ХОРОСКОП: Жена Јарец е најхрабра, Бик е најубава а само еден знак фрла сѐ под нозе