Европа одлучи: Се укинува поместувањето на стрелките на часовниците

0

Европскиот парламент изгласа укинување на летното и зимското сметање на времето.

Европскиот парламент денеска го одобри предлогот за укинување на летното и зимското сметање на времето, но конечната одлука треба да ја донесе Европската комисија која ќе ги преиспита предностите и недостатоците од евентуалната промена.

Според научните истражувања, 20 проценти од населението има здравствени проблеми поради промената на часот, смета Павел Свобода, чешки пратеник во Европскиот парламент кој ја предводи групата од 70 европарламентарци кои стојат зад иницијативата и предлогот за укинување на поместувањето на часовникот двапати годишно.

Европратениците во предлогот за кој гласаше ЕП истакнаа дека покрај негативното влијание врз човечкиот организам, промената на стрелките на часовникот влијае и врз сообраќајната безбедност, продуктивноста на работното место, но и врз економијата.

„Поместувањето на стрелките на часовникот предизвикува повеќе сообраќајни несреќи, како и пад на продуктивноста на работното место. Студијата на непристрасната служба на ЕП за истражувања јасно покажа дека укинувањето на промената на времето е добро за нашите 510 милиони граѓани“, образложува Свобода, нагласувајќи дека иницијативата и предлогот имаат силна поддршка меѓу земјите членки на ЕУ.

Полска, истакнува Свобода, веќе ги направи првите законодавни чекори по тоа прашање. Во таа насока, и работната група за укинување на промената на времето ќе достави предлог-резолуција до Европскиот парламент со која се бара од ЕК да упати предлог за укинување на оваа практика.

Инаку, прашањето за промена на стрелките на часовникот, освен во Полска, на законодавен план беше дискутирано и во Германија и Шведска. Во ЕУ има сè повеќе петиции за поддршка на иницијативата. Како што пренесуваат медиумите, предлогот наидува на сѐ поголема поддршка преку петиции потпишани од повеќе десетици илјади граѓани, на пример, во Финска 100.000, над 55.000 во Германија и 40.000 во Холандија.

Според одлуката, во 2021 година за последен пат ќе се случи корекција на времето.

Односно, сите членки на Унијата коишто планираат засекогаш да останат на летното сметање на времето, ќе треба за последен пат стрелките на часовникот да ги поместат во последната недела од март 2021 година, а оние коишто ќе одберат зимско сметање своите часовници за последен пат ќе ги поместат последната седмица од октомври 2021 година.

Сега мора да се пронајде компрмис за секоја државна членка на ЕУ.

Според предложениот амандмант, земјите кои планираат да останат трајно во летното сметање на времето ќе треба своите часовници последен пат да ги померат во последната недела во март 2021 година, додека оние кои преферираат зима треба тоа да го направат во последната недела на октомври 2021 година.

По денешното гласање, Европскиот парламент е подготвен за понатамошни преговори на советот со министрите.

– Пред да се донесе одлуката за тоа кое ќе биде стандардно време, државните членки треба да спроведат јавно советување како би го земале во предвид и мислењето на граѓаните, Исто така во одбирањето на временските зони секако ќе бидат релевантни географските фактори и специфичностите на регионите во кои се наоѓаат некои држави членки.

Претходна статијаМетеоролозите издадоа предупредување – се очекуваат врнежи од снег, од петок промена
Следна статијаСашо Тасевски распали по Некс Тајм – ги обвини дека се платеници