Сашо Тасевски распали по Некс Тајм – ги обвини дека се платеници

0

Дуото „Некст тајм” вчера во Драмски театар во Скопје ја промовираше својата обработка на старата македонска песна „Нешто ќе те питам бабо”. Пред преполна сала Стефан и Мартин Филиповски го претставија нивното ново музичко дело, кое го изработи Николче Мицевски, додека пак режисер на видео спотот е Огнен Шапковски. На промоцијата беа присутни многу личности од естрадата, но и од политиката.

Лидерот на ВМРО ДПМНЕ, Христијан Мицкоски, Јохан Тарчулоски, поглаварот на Бигорскиот манастир Партениј, Борис Дамовски, Слаткар, Лозано, Тони Зен, Магдалена и Лазар Цветковски и многу други беа само дел од публиката која го награди со аплауз новиот проект на „Некст тајм”. Ова е трета обработка на стара македонска песна на браќата Филиповски. Постигнаа голем успех со обработките на „Ја излези Ѓурѓо” и „Слушам кај шумат шумите” кои имаа милионски прегледи на музичкиот канал Јутјуб.

Иако реакциите за преработката на „Нешто ќе те питам бабо“ на браќата Мартин и Стефан од „Некст тајм“ главно се позитивни, барем оние најгласните, актерот Сашо Тасевски на својот Фејсбук профил со нешто поинаква „рецензија“:

“А бе бабо, нели прво Гоце Делчев рече дека ти дошол на вечера и масажа. Од каде сега Тодор Александров. Кажи мори бабо колку ти платија Некст Тајм да смениш исказ и да кажеш дека со Тодор Александров си била таа ноќ? Немој така бе бабо, не е убаво. Утре некој друг ќе направи песна у која на гости ќе ти дојде Цар Борис лично.

Да те питам мори бабо, зошто на млади луѓе, талентирани музичари, толку им е важно да препеат песна за некоја сподоба, која со сила сакаат да ја прикажат како херој на кого му ја должиме државноста.

Дечки од Некст Тајм кој ви дава пари да се идеологизирате и да си го валкате музичкиот опус со ликови кои ниту нивното време ги оправдало, ниту историјата, а за нашето пак, се тотално неважни. Нели рокери бевте? Ганс анд роузис, ово оно…

Кога отидовте у блгарски врховисти?За кого го направивте препевот? За новите генерации што растат со фортнајт и мајнкрафт и чии процесори работат во тера бајти? Што ќе научат од тој препев? Чуму? За кого бе?

Па уште промоцијата на новиот спот за Тодор Александров во Драмски театар. Онака, лабаво, пред избори. Јебо вас Тодор Александров, да вас јебо. Сите до еден.”

Претходна статијаЕвропа одлучи: Се укинува поместувањето на стрелките на часовниците
Следна статијаОвие хороскопски знаци ќе сакаат да заврши Април што побрзо