Синот на Шабан, Михајло со потресен говор – сите плачеа по неговите зборови

0

Синот на Шабан Шаулиќ, кралот на народната музика кој е негово најмало дете, денеска со потресен говор.

– Благодарен сум ви на сите кои дојдовте денеска за последно збогум на нашиот татко, крал, дедо, кум…сакам да ви се заблагодарам, некои сте поминале и повеќе време со него.

Мојот татко денеска не замина, додека му е тука музиката ќе живее и тој, денеска низ солзи кажа Михајло на погребот.

Голем број јавни личности, колеги, но и обични граѓани дошле да го погребаат пејачот Шабан Шаулиќ на Новите гробишта.

Испраќањето започна во 15 часот, а пејачот е закопан во Алеата на заслужните граѓани.

Сите се обидуваат да се пробијат до гробот, а пејачот е испратен со неговата песна која ја напишал за својата сопруга, „Не плачи душо“.

На комеморацијата за Шабан Шаулиќ која се одржа во свечената сала на Општина Белград немаше некој кој не плаче.

Добрата душа на кралот на народната музика се чувствуваше во салата која беше премала да ги прими сите кои сакаат да му оддадат последна чест на Шабан.

Покрај вдовицата Гордана седеше министерот за надворешни работи, Ивица Дачиќ кој плачеше без престан.

Претходна статијаГолемиот Шабан успеа да ги смири Цеца и Драгана Мирковиќ ФОТО
Следна статијаЗа луѓето родени во овој хороскопски знак велат дека се најдобри луѓе – секој сака да ги има крај себе