Големиот Шабан успеа да ги смири Цеца и Драгана Мирковиќ ФОТО

0

Испраќањето започна во 15 часот, а пејачот е закопан во Алеата на заслужните граѓани.

Гордана Шаулиќ одлучи својот сопруг да го испрати со стиховите од песната „Не плачи душо“, која тој му ја посветил во 1984 година, кога среде ноќ дошол пијан дома заедно со пријателите.

Вонбрачниот син на Шабан Шаулиќ дојде на погребот својот татко во Белград. Ова е првпат Роберт Шаулиќ (47) да се појави во јавност, пишува српски „Телеграф“, додавајќи дека тој не сакал да даде изјава за медиумите.

На комеморацијата за Шабан Шаулиќ која се одржа во свечената сала на Општина Белград немаше некој кој не плаче. Na

Добрата душа на кралот на народната музика се чувствуваше во салата која беше премала да ги прими сите кои сакаат да му оддадат последна чест на Шабан.

Покрај вдовицата Гордана седеше министерот за надворешни работи, Ивица Дачиќ кој плачеше без престан.

Една до друга седеа и Светлана Цеца Ражнатовиќ и Драгана Мирковиќ кои заедно плачеа, а ги спои големиот и ведар дух на Шабан.

Фото: Телеграф.рс

Претходна статијаШабан Шаулиќ испратен во вечниот дом со еден од најголемите негови хитови ВИДЕО
Следна статијаСинот на Шабан, Михајло со потресен говор – сите плачеа по неговите зборови