Раста искрено за Ана Николиќ: Тоа што се пишува во медиумите е толку многу дегутантно и без аргументи

0

Популарниот рапер Стефан Ѓуриќ Раста празниците ги помина со својата 1-годишна ќерка Тара, која ја доби во бракот со поп-пејачката Ана Николиќ.

Бев со Тара, супер се одморив, се вратив на работа и сега се’ ќе биде поинаку“, изјави Раста за „Стори.рс“.

Пејачот откри на кого повеќе личи неговата ќеркичка.

Еднакво не’ сака и двајцата, но ќерките се секогаш повеќе врзани за татковците, тоа го знаат сите, таа е мојот центар на светот. Сите велат дека личи на мене, но земајќи предвид дека многу време поминав со Ана, можам да забележам дека личи и на неа во некои особини“, вели раперот.

За односот меѓу него и Ана доста се спекулира во јавноста, но Раста им стави точка на гласините и откри како функционираат.

Во какви односи можеш да бидеш со некого со кого имаш ангелско дете?! Тоа е најубавиот и најфин однос. Тоа што се пишува во медиумите е толку многу дегутантно и без аргументи и смисла“, заклучи Раста.

Претходна статијаВикендов среќен за овие хороскопски знаци, еден знак ќе се израдува на финансиски прилив
Следна статијаАца Лукас распали по Марина Туцаковиќ: Не можам да прифатам дека сака да ме доведе до питачки стап сакајќи да ми го земе и она што го немам