Аца Лукас распали по Марина Туцаковиќ: Не можам да прифатам дека сака да ме доведе до питачки стап сакајќи да ми го земе и она што го немам

0

Аца Лукас е лут како рис, пренесуваат српските медиуми. Причината е тужбата што Марина Туцаковиќ и нејзиниот сопруг наводно ја поднеле против него поради неисплатен долг.

Тужен сум, а не ни знаев. Трипати ми било судено, а јас ниеднаш не знаев кога и не се појавив на судењето. Целата работа ја сфатив премногу несериозно, затоа што верував дека долгогодишен пријател и соработник не може да те тужи додека се’ уште соработува со тебе.

Не можам да прифатам дека сака да ме доведе до питачки стап сакајќи да ми го земе и она што го немам. Во меѓувреме, на моите албуми и песни заработи околу милион, милион и пол, кеш, лично видов (мислам, интересен податок и за даночните слуби, нели?!).

ОД МЕНЕ НИКОГАШ НЕМА ДА ЗЕМЕ НИШТО, НИ ПО ЦЕНА НА ЖИВОТ! А вие најдете некој на кој Александар Вукасновиќ му останал должен. А ловци во матно и луѓе на кои парите им се најважни од се’ отсекогаш имало и ќе има. За жал! Имаку, песната ‘Веган’, која ја објавив пред еден месец, ја напиша Марина Туцаковиќ. Текстот го платив 2.500 евра! Чудна некоја соработка!

П.С. Жал ми е да кажам што било, а Господ ми е сведок дека на Марина и’ посакувам само едно: да оздрави и да живее што е можно подолго. Се’ друго не е важно“, заклучи Аца Лукас.

Како што пренесува „Блис.рс“ извршители чукнале на вратата кај пејачот за да му го запленат имотот, а најлошо поминала Соња Вуксановиќ бидејќи Аца е пријавен на адресата каде што таа живее.

Соња во тој момент објаснила дека сите работи се нејзини, а извршителите побарале докази дека таа купила се.

Соња веднаш ми се јавила на Лукас и побарала да ја среди таа работа бидејќи не планирала да и однесат работи вредни 100 000 евра.

По овој Марина истакна дека го тужила Лукас и дека добила.

„Точно е дека го добивме на суд. Какви 100 000 евра, сумата е многу поголема. Судиите не знаеја како да му наплатат, па одлучија да му стават забрана за изведна на тие песни. Мојот сопруг неколку пати зборуваше со Аца, а тој секогаш велеше „ќе биде ќе биде“. Ние со Аца и понатаму сме во добри односи, јас соработувам со него“ изјави Туцаковиќ во една прилика.

Претходна статијаРаста искрено за Ана Николиќ: Тоа што се пишува во медиумите е толку многу дегутантно и без аргументи
Следна статијаИдната недела голем и тежок празник – направете една работа за среќа