Александра Пријовиќ наводно се скарала со сопругот Филип Живојиновиќ откако одлучил да не дозволил во нивниот стан да не се всели мајката на Александра.
Како што пишува во српски Телеграф, драмата во семејството Живојиновиќ се случила пред 10тина дена кога Алкесандра му соопштила на Филип дека со нив одредено време ќе живее нејзината мајка Борка и која ќе и помага околу бебето.
„Александра е во осмиот месец од бременоста и размислува дека ќе и треба помош, па затоа и се обрати на нејзината мајка која веднаш прифати да живее со нив.
Меѓутоа, тие не можеа да замислат како Филип ќе реагира на таа идеја. Борка дојде кај нив во станот заедно да му ја кажат идејата за нивниот план и да се договорат околу породувањето“ вели извор и додава:
„Кога Филип слушна, тој полуде. Почна да вика како донесува такви одлуки пред да се договори со него и дека во нивниот стан нема место за нивната мајка.
Имаат три соби и една дневна, па за Борка ќе нема место. И викаше дека не сака бебето да го одгледуваат баба и дедо, туку тие двајца. Нема ништо против тоа да доаѓа, но не може да се пресели кај нив“ вели изворот.
Овие шпекулации не се потврдени од страна на Александра и Филип, а парот наскоро ќе стане родители на нивното прво дете.
Александра Пријовиќ и Филип Живојиновиќ на кредит купиле вила на Бежаниска коса каде ќе живеат по породувањето на Александра.
Парот купил вила вредна 500 000 милиони евра која се наоѓа во близина на домот на Лепа Брена и Боба Живојиновиќ.
„Филип и Александра одлучија да земат кредит за луксзуната вила која чини околу пола милион евра. Сакаа куќата да им биде близу до семејството, па први соседи ќе им бидат Брена и Бобо“ вели извор и додава дека на Живојиновиќ им е важна локацијата на новиот дом.
Во купувањето на домот им помогнала Лепа Брена.
На едно снимање на „Гранд“, Брена со своите соработници зборувала дека била во голема гужва бидејќи му помагала на Филип д среди документи за кредит.
Пријовиќ треба да се породи за месец ипол, па започнале со реновирањето на новата куќа.
Извор: Вистина