Метеоролозите со нови најави: По викендов пресврт – од вторник голема промена на времето

0

За време на викендот времето ќе биде стабилно и суво со пониски утрински температури, а дневните ќе бидат во постепен пораст. По одделни котлини ќе има појава на утринска магла. Во понеделник ќе дува засилен јужен ветер, а попладне од запад ќе започнат врнежи претежно од дожд. Од вторник ќе биде постудено и врнежите ќе преминуваат во снег.

До понеделник под влијание на топла воздушна маса и јужно воздушно струење ќе имаме натпросечно високи максимални температури на воздухот кој во недела и во понеделник ќе се искачуваат во интервалот од 9 до 15 степени, времето ќе биде стабилно, суво и сончево со мала до умерена локална облачност, информира метеорологот Славчо Попоски.

Во утринските и претпладневните часови по одделни котлини ќе има услови за магла и за ниска облачност.

Во понеделник ќе започне да дува засилен јужен и југозападен ветер што ќе биде најава за голема промена на времето уште од понеделник навечер и во текот на ноќта кон вторник кога ќе има врнежи од дожд и снег на планините.

Во текот на ноќта понеделник кон вторник под влијание на нов студен бран ветерот од јужен и од југозападен правец ќе го смени во северен па така и температурите ќе бидат во значително опасѓање.

Токму ова ќе услови врнежите од дожд да поминуваат во снег како на повисоките места, така и на пониските.

Повремени врнежи од снег ќе има и во вторник додека максималните дневни температури ќе се искачуваат во интервалот од -2 до 6 степени додека само на крајниот југоисток истите можно е да се искачат до околу 10 степени.

Уште постудено време ќе имаме од среда кога минималните температури насекаде ќе се спуштаат под нулата и на некои места можно е да се спуштат и под -10 степени, максималните дневни пак ќе се искачуваат во интервалот од -4 до 4 степени, на повисоките и планинските места истите ќе бидат многу пониски и ќе се спуштаат и под -5 степени.

Исто така особено на повисоките места и на планинит еќе дојде до формирање и зголемување на снежната покривка

Претходна статијаНови проблеми во семејството Живојиновиќ: Филип ја „избркал“ мајката на Александра Пријовиќ
Следна статијаБесна како рис – Карлеуша се огласи со нова порака на Инстаграм ФОТО