Сопругата на Жељко се расплака среде емисија кога слушна дека колешката имала несреќа

0

Откако слушна каква тешка несреќа ја снајде нејзината колешка, сопругата на Жељко, Јована Јоксимовиќ се расплака среде утринската програма која оди во живо.

Ни нејзиниот колега не можеше да ги сокрие солзите кога слушна дека на водителката Деа која преживеа несреќа и е ампутирана раката и е во критична состојба.

Цела естрада се моли за водителката Деа која утрово имаше сообраќајка, по што автобус и ја откина раката, а сега е на операција.

Карлеуша, Неда Украден, Нина Радуловиќ и многу други пејачи, водители, актери се молат за неа.

Како што пренесоа медиуми од соседна Србија, Деа одела на работа како и секој ден бидејќи требало да ја води програмата со Предраг Сарап. Меѓутоа, доживеала несреќа, а нејзиниот колега ја видел на лице место. Деа требало да ја води утринската програма но се случила сообраќајка.

Автобусот кој тешко ја повредил водителката Деа Ѓурѓевиќ претходно излизгал, поради што возачот целосно ја изгубил контролата зад воланот. Автобусот на линијата 78 според изјавите на возачот наишол на лизгав коловоз, бидејќи имало пукната цевка, од која се излеаната вода подзамрзнала.

„Како што изјави нашиот возач, тој се обидел да ги заобиколи двата автомобили кои претходно биле застанати од судирот. Сепак, не успеал да го исконтролира автобусот кој се излизгал и потоа удрил во друг автомобил паркиран на тротоарот, се одбил од него и потоа се случила страшната несреќа. Во тие моменти возачот не можел да го контролира возилото. Жалиме што се случи ова“ – изјавил Драго Тошиќ, директор на Конзорциум за приватни транспортни компании, пишува српски Курир.

Претходна статијаОва е помалиот брат на Дритон или попознат како Талат од „Преспав“ Фото
Следна статијаНови проблеми во семејството Живојиновиќ: Филип ја „избркал“ мајката на Александра Пријовиќ