Српските медиуми неодамнаа пишуваа дека Аца Лукас и бил должен на Марина Туцаковиќ поради што наводно извршители чукнале на вратата на пејачот.
Како што Марина објасни станува за судски спор кој Лукас го изгубил од нејзиниот сопруг Александар Радоловиќ Фута.
По спорот Фуста престанал да му компонира, но Марина продолжила да му пишува текстови.
Во последното интервју, Марина истакна дека Лукас не е единствен кој и должел пари.
„Аца, не ми се јави, но сигурно е запознат со ситуацијата. Во суштина ми е жал, но требаше порано да мисли на тоа. Не е Лукас прв кој ми должеше пари, и Дара Бубамара ми плати се, чесен збор“ изјави Туцаковиќ за „Свет“.
Фолкерот Аца Лукас е во голем проблем поради долгот од 100.000 евра кои не го исплатил, а поради кој Марина Туцаковиќ и нејзиниот сопруг Александар Фута Радуловиќ го тужеле. Извршителите му тропнале на врата, но во целата приказна најлошо поминала неговата поранешна сопруга Соња Вукасановиќ, бидејќи Аца се уште е пријавен на таа адреса.
Пејачот реши да се огласи по повод оваа тема.
Марина ја знам со години и пријатели сме. Еве, таа дури ми ја правеше и последната песна. Се слушнавме неодамна и тоа е делот кој се однесува до пријателството, а што се однесува до непријателската страна, не би знаел што да ви кажам. Ние долго соработуваваме на обострано задоволство и корист. Кој повеќе тука профитирал, не би знаел да кажам и не би влегувал во тоа – рекол Лукас, но не запрел тука.
Никому ништо не сум земал или украл. И оние кои ми дале пари, сум им ги вратил и им враќам. Значи секому. Лукас никому должен не останал. А што се однесува до извршителите, нека си ја работат работата и нека запленуваат што сакаат. Баш ме интересира што се ќе земат- рекол пејачот.