Добра вест за сите кои сакаат да работат во Германија – На земјата итно и требаат најмалку 260 илјади нови работници

0

На Германија до 2060 година ѝ требаат најмалку 260 илјади нови работници од мигрантско потекло годишно, за да ги задоволи своите потреби и да го покрие демографскиот недостиг, јави Дојче Веле.

Од таа бројка, околу 146 илјади луѓе секоја година ќе треба да мигрираат од земји кои не се членки на ЕУ, покажа истражување на Фондацијата Бертелсман.

Поради стареењето на населението, се проценува дека работната сила во Германија ќе опадне за една третина, или за 16 милиони луѓе до 2060 година, доколку не се зголеми миграцијата. Без нови странски работници, недостигот на работна сила може да има катастрофално влијание врз четвртата најголема економија во светот.

Студијата проценува дека околу 114 илјади луѓе ќе мигрираат од други земји на ЕУ, но демографскиот фактор и економското приближување меѓу земјите од ЕУ ќе го намалат поттикот за работниците да се доселуваат во Германија.

Директорот на Бертелсман, Јерг Дрегер изјави дека официјалните бројки покажуваат оти во 2017 само 38 илјади работници дошле и останале во Германија.

Во студијата се заклучува дека Германија под итно мора да донесе имиграциски закони со кои ќе се привлечат средно и високо обучени работници, но и да развие поробустна програма за интеграција, пренесува Дојче Веле.

Ѕидарската работа сега е повеќе од мешање малтер и редење тули. Ѕидарите во Германија имаат добри шанси на пазарот на труд, а и условите се солидни. И покрај тоа, добри кандидати за образование нема многу.

Девојките на градилиштата се реткост. Од вкупно 4000 градежни работници во Германија во 2012 година околу дваесеттина биле девојки. Но затоа на градилиштата често се слушаат странски јазици.

Пет посто од градежните работници доаѓаат од странство. Веќе неколку години постои размена со странство, да речеме со помош на програмот Erasmus+, преку кој се организираат и финансираат размени на студенти. Германските градежни работници повеќе сакаат во Италија, вели Бертолд Хјуберс за Дојче Веле од Сојузниот институт за стручно образование и објаснува:„Во Италија можат да работат на реставрација на историски градби, кои во Германија ги нема толку“.

Тешко е да се најдат добри ѕидари. Можностите за вработување затоа се многу добри. А и платата не е лоша. „Помошник ѕидар во германската сојузна покраина Долна Саксонија заработуваат околу 17 евра на час, што брутото изнесува околу 3000 евра месечно“, напоменува Лутз Холман, шефот на градилиштата. Тоа е предвидено со тарифни договори.

Ни градежните работници не заработуваат лошо. 25-годишниот ѕидар Марлон Бландовау на втората година од обуката зема 800 евра месечно. Не се жали за неговиот избор на занимање. „Му останувам верен на градежништвото“, вели, земајќи ја ѕидарската лажица и низ смешка додавајќи:„Тука мора да се изгради уште еден прав ѕид.“

Почнувајќи од оваа година, странските квалификувани работници полесно ќе можат да се вработуваат во Германија, бидејќи ќе добијат право без работна виза шест месеци да престојуваат во земја. Во тој период нема да може да добиваат социјална помош и ќе треба да најдат работа за да може визата да ја продолжат. За да биде дозволен престојот без работна виза работникот треба да докаже дека има доволно пари самостојно да се издржува како и да покаже одредено ниво на познавање н германскиот јазик.

Досега, на работа во Германија можеше да се замине ако претходно се обезбедеше писмо- договор за вработување од тамошен работодавач и посебна потврда од нашата Агенција за вработување или, пак на полесен начин, со бугарски пасош.

Со новиот закон, изразот „квалификуван работник“ ќе се користи и за работници со висока стручна спрема и за работници со ниски стручни квалификации. Германија има намера на овој начин да ангажира вработени во стратешките сектори како информатиката, информатичката технологија, како и луѓе за работа во кујни и за нега на постари лица.

Законските измени предвидуваат дека во одредени околности работникот може да ја докаже стручната спрема стекната во земјата од каде доаѓа по доаѓањето во Германија, што значи дека квалификувани странци може да влезат во земјата, може дури и да почнат да работат, додека трае постапката за признавање на нивни дипломи и квалификации.

Претходна статијаНе е само Аца Лукас: Еве која друга позната фолк пеачка била должна на Марина Туцаковиќ
Следна статијаДенешниот празник прави чуда – Ова треба да го направите денеска