Карлеуша брутално навреди кандидатка – се огласи сопругот и ја спушти на земја пејачката

0

Јелена Карлеуша брутално распали по натпреварувачка на Гранд на која и рече дека е срамота како изгледа и како се облекла и дека не би требало да се гледа во огледало, а таа и врати дека не сака да слуша такви навреди и ја напушти сцената.

Кандидатката Мира Медан, чија менторка е Ана Бекута, излезе во полн елан на сцената да покаже што научила. Во негативните коментари како и секогаш предводеше Јелена Карлеуша.

-Жената се допуштила на толкав невкус. Сметам дека со овој фустан, обувки и фризура, себе си даде автогол, бидејќи привлече внимание во погрешна насока. Не си се облекла добро, се тоа кажува на тоатален невкус, кажа Карлеуша.

Мира кажа дека се потрудила, но Карлеуша продолжи во ист тон.

-Од каде си ти, праша Јелена, а кога кандидатката и кажа дека е од Требиње, пејачката праша:

-Дали Требиње е на планина, имате ли струја да ги погледнеш социјалните мрежи, рече Карлеуша.

-Немојте, ве молам, не би сакала да водам ваков разговор. На кого вие му поставувате вакви прашање? Тоа не се прашања за оваа сцена. Не дозволувам така да разговарате со мене, рече учесничката и побара да ја напушти сцената.

Поповиќ дозволи, додека публиката ја исвирка Јелена.

Сега се огласи сопругот на кандидатката Мира и брутално распали по Карлеуша.

– Имаме струја и интернет и ја видовме твојата брука и срамота Јелена, напиша тој откако Карлеуша на бината му ја праша сопругата дали има струја и огледало дома.

Претходна статијаБеа скарани 5 години но пејачката многу тагува за Шабан: Го замислував како пее и на 100 години
Следна статијаГерманското обвинителство: Ќе се проверува каква инекција му е дадена на пејачот