Германското обвинителство: Ќе се проверува каква инекција му е дадена на пејачот

Трагичната загуба на Шабан Шаулиќ е голема мистерија за Германското обвинителство, кое донело одлука детално да се испита целиот случај.

Според законитево државата, оваа незгода се третира како правен случај,а она што им е нејасно на обвинителите е причината за смрттта на пејачот, имајќи во обзир дека Шабан немал видливи повреди.

Германското обвинителство наложило обдукција на телото на починатиот Шабан Шаулиќ во четврток, за што го известило Министерството за надворешни работи на Србија, дознаваат српските медиуми.

Според нивните информации за истрагата, по несреќата на автопатот кај Билефелд, Шаулиќ сам излегол од автомобилот со кој се превезувал до аеродромот и влегол во санитетското возило.

Но, од силниот удар при сообраќајната несреќа му пукнала срцевата аорта, а по настанатите комликации починал во болница. Повеќе детали, велат, ќе бидат познати по извршената обдукција.

Според првичните информации тој починл од пукање на аорта на срцето.

„Обвинетелот го уважи ова мислење, но сепак има неколку неразјанети детали, па наложи да се направи обдукција.Се споменува дека веднаш по доаѓањето на Брзата помош на Шабан му е дадена инекција, па можно е и тоа да ја предизвикало смртта.

Тоа засега никој не може ни да го потврди ниту да го демантира.За да нема никакви дилеми побара обдукција, пишува српски „Курир“.

Претходна статијаКарлеуша брутално навреди кандидатка – се огласи сопругот и ја спушти на земја пејачката
Следна статијаВистинско Чудо: Станот изгоре а иконите останаа недопрени од пожарот (ФОТО)