Ана Бекута и покојниот Шабан Шаулиќ со години беа скарани, откако се скараа во 2013. година, но пејачката сепак е потресена од енговата смрт.
– Тоа е голем губиток, не можам да замислам дека веќе нема да го гледам. Го замислував како стогодишник кој пее додека сите се обидуваме да пееме како него, рече таа со кнедла во грло.
За нивниот конфликт многу се зборуваше, а Шабан за прв пат ја откри причината за нивната расправија.
„Ана и Босанец во последниот серијал ги бојкотираа учесниците кои ги пееа моите песни. Не сакаа да гласаат за кандидатите кои изведуваа некој мој хит, а тоа не е чесно.
Тие со тоа не ми нанесуваа штета на мене туку на тие натпреварувачи. Имаше доста момчиња кои пееа солидно, а тие наместо да им дадат поттик и малку да ги погурнат, ги потценуваа.
Тие во текот на шоуто индиректно зборува за моите песни“, вели Шабан, а на прашањето што им згрешил па ака му враќаат, низ смеа додава:
„Ма тоа се комплекси што многумина пееа мои песни. Поради тоа проработува љубомората, но нека им служи на чест“, истакнува Шаулиќ, кој со Ана не бил само колега туку и пријател.