Откриен идентитетот на пијаниот возач кој предизвика сообраќајка во која загина Шабан Шаулиќ ФОТО

Турчинот Алсин Левент е 35- годишиот возач кој ја предизвикал стравичната несреќа во Германија во која загина Шабан Шаулиќ.

Возачот се води како да е уапсен, но сеуште се наоѓа во болница и е под постојан надзор од полицијата, пишува Српски „Курир“.

Возачот на „маздата“ која ја предизвика сообраќајната несреќа во која почина Шабан Шаулиќ и неговито колега Мирсад Кериќ, се наоѓа во притвор. Едно од обвинувањата за кои се товари е тешко убистjво во сообраќај.

Според сознанијата на српските медиуми, судијата вчера попладене издал налог за апсење на овој 34 годишен маж, па тој сега се наоѓа во притвор.

Интересно е дека и „маздата“ која ја управувал 34 годишникот, не е во негова сопственост, ниту пак тој има пријавено место за престој во Германија, пренел Вестфален Блат. Се прават напори да се утврди на кој начин тој дошол во посед на автомобилот со кој се заби во задниот дел на „сеатот“ во кој бил Шабан Шаулиќ.

Генералниот конзулат на Србија во Германија нема официјална информација дали обдукцијата ќе се прави поради конкретен сомнеж и причината за смртта на пејачот.

„Кажано ни е дека обдукцијата е вообичаена процедура и дека државниот обвинителсекогаш има можност самостално да одлучи дали сака да издаде налог за таква постапка или не- рекол генералниот конзул во Дизелдорф. Негово мислење беше дека треба да се изврши обдукција, нагласиле оттаму.

Претходна статијаШабан и неговата Гоца-43 години љубов: Кога ја видел веднаш се вљубил, кога му раскинала сакал да се фрли во Сава
Следна статијаБеа скарани 5 години но пејачката многу тагува за Шабан: Го замислував како пее и на 100 години