Вистинска убавица – ова е ќерката на српската пејачка која не се појавува во јавност

0

Фолк пејачката Мира Шкориќ е горда мајка на ќерката Милица Јеремиќ која ја доби во бракот со хирург.

Милица е студент на четврта година на Медицинскиот факултет, а во средно училиште била дете на генерацијата.

За разлика од децата на некои други јавни личности, таа не сака да се појавува во јавност.

„Милица не ги сака медиумите и да се појавува во јавност, но ме подржува.Кога беше помала можев да ја излажам за некое снимање или гостување во ТВ емисии, но сега не можам да влијаам на нејзините одлуки“ изјави Мира.

Познатата пејачка Мира Шкориќ која ја гледаме во шоуто ТЛЗП, истакнува дека посилниот пол не и се додворува, па наведе и зошто е тоа така. Тијана Дапчевиќ се сложи со нејзината изјава и кажа дека и таа се пронашла во нејзините зборови.

-Јас сум жена во сериозни години, идна пензионерка, вели Мира, а Тијана ја негираше во ова.

Шкориќ им порача на српските медиуми дека тие се виновни што и направиле имиџ на опасна жена, па поради тоа никој не и се приближува.

-Вие ме нарековте Мира со четирите пиштоли, па мажите немаат храброст. Јас користам раце и нозе, вели Мира низ насмевка.

Пред нешто повеќе од шест месеци се дозна дека српската пејачка Мира Шкориќ има ново момче, поточно свршеник кој живее во Германија и дека е многу богат. Фолк ѕвездата од тогаш често престојувала кај него, но сега се тргнало по лошо.

Имено Мира открива дека веридбата пукнала и тоа на најскандалозен можен начин. Таа отишла кај свршеникот без најава и се шокирала од она што го видела.

-Го фатив свршеникот во кревет со друг. Ваква срамота немам доживеано. Таа слика не можам да ја избришам од главата. Многу сум повредена. Ја изгубив вербата во љубов – рекла Мира.

Претходна статија(ФОТО) Поради овие 7 фотографии на Карлеуша одлепи цел свет и нет
Следна статијаДрагана Мирковиќ и го возврати ударот на Цеца Ражнатовиќ