Драгана Мирковиќ и го возврати ударот на Цеца Ражнатовиќ

0

Драгана Мирковиќ со години е на естрадата и не војува со никого, важи за жена која не зборува за приватноста, но сега по скандалот со Цеца, и таа го возврати ударот.

– „Знам дека луѓето ги интересира. Навистина, не сакам да зборувам за тие работи бидејќи постои нешто што е многу повеќе вредно. Сакам да им дадам шанса на некои луѓе да кажат. Ние сме пејачи, не сме актери. Оние кои успеваат да одглумат дека се фини, секоја им чест. Јас им честитам бидејќи глумењето им е на завидно ниво“ вели пејачката.

– „Имав колеги кои ми даваа лажни прегратки и пријателства. Не сакав да навлегувам во тоа бидејќи ќе се разочарав. Подобро да затворам очи за некои работи“ изјави сопственичката на „ДМ САТ“.

Цеца Ражњатовиќ и Драгана Мирковиќ, очигледно, сѐ уште не ги закопаа воените секири.

Иако никогаш јавно немаат прозборено за нивната караница, отсекогаш се знаело дека овие две познати пејачки не се во добри односи

Двете големи музички ѕвезди, меѓу кои владее нетрпеливост уште од 1990-тите, се појавиле на снимањето на новогодишната програма на РТС.

Во студиото на телевизијата, прва пристигнала Мирковиќ, а два часа по неа и Ражнатовиќ. Драгана беше одлично расположена професионално го одиграла делот од нејзината работа. И покрај тоа што им рекла на новинарите дека таа се брза, таа останала уште малку во телевизијата.

Додека Мирковиќ позираше пред фотоапаратите и даваше интервју, Цеца беше на сцената, а откако го отпеа првиот дел од програмата, отиде во соблекувалната за да ја смени облеката. Во салата таа се пресретна со Драгана па дојде и до префрлувања на зборови.

Со коментарите прва почна Драгана, а Цеца ладнокрвно ја игнорираше.

Светлана Цеца Ражнатовиќ поради навредите и непримерното однесување кое е се почесто застапено на социјалните мрежи решила јавно да упати молба, а поради истата се покренаа лавина коментари.

Драги мои, околу нас има многу провокации, навреди и непримерно однесување. Мојата желба е да имаме заедничка цел и да покажеме дека сме имуни на сето ова, исто така да не ги навредуваме другите и да не поврзува само убава емоција! Знам дека не барам многу и дека поради нашата масовност можеме да бидеме светол пример дека е возможно да се има здраво и културно опкружување на социјалните мрежи. Со љубов, вашата Цеца, напишала пејачката на Инстаграм.

Постот за само неколку часа доби илјадници лајкови и коментари, а кој ја испровоцирал Цеца да ги напише овие зборови се уште е енигма.

Претходна статијаВистинска убавица – ова е ќерката на српската пејачка која не се појавува во јавност
Следна статијаБившата девојка му упаднала на свадба и ги мавала со невестинската торта, еден интересен повик ја спаси венчавката