Цеца станува дел од најпопуларното музичко шоу на Балканот

0

И Цеца веројатно станува дел од познатото музичко шоу Ѕвездите на Гранд.

Во текот на емисијата, Вики Миљковиќ потврди дека можно е Цеца Ражнатовиќ да и помогне при подготовка на кандидатите на кои таа им е ментор.

„Презадоволна сум од своите кандидати и имам големи планови и знам што ќе правам со секој од нив. Цеца на мојот сопруг го даде целото студио, тој го реновираше и адаптираше така што мислам дека тоа ќе биде едно од најдобрите студија во градот“, изјавила Вики.

На прашањето дали Цеца ќе дојде во студиото кога Вики би работела со кандидатите, Миљковиќ изјави: „Па ние секој ден пиеме кафе во студио, но не можам да откривам детали“.

Меѓу членовите на жирито наводно се „шушка“ дека Вики најдобро се подготвува за улогата на ментор, а дека ќе ја собере најдобрата екипа, меѓу кои ќе биде и Цеца.

Претходна статијаНорвежанка добила азил во Полска од премиерот Моровјецки за да не и ја земат ќеркичката
Следна статијаЈане Ченто и Игор Југ: Барање за амнестија нема да поднесеме, имаме целосна доверба во вас