Јане Ченто и Игор Југ: Барање за амнестија нема да поднесеме, имаме целосна доверба во вас

0

Јане Ченто и Игор Југ, обвинетите за 27 април 2017, нема да поднесат барање за амнестија.Во судницата на денешното рочиште Јане Ченто и се обрати на судијката Кацарска и рече:

„Имам целосна доверба во вас, време е да покажеме дека сме правна држава и дека судот е независна власт. барање за амнестја нема да поднесам, вие пресудете ми“, рече Ченто.

И обвинетиот Игор Југ исто така кажа дека нема да поднесе барање за амнестија.

„Ќе ја докажам правдата пред вас кои сте единствено легитимна да одлучува за нашата невиност“, кажа Југ обраќајки и се на судијката Кацарска.

Судијката Кацарска напомена дека Судскиот совет не одлучува и нема надлежност за амнестијата.

Дополнителни докази предложи одбраната на обвинетите Крсто Мукоски, Митко Чавков, Душко Лазаров, Мунир Пепиќ, Игор Југ и Александар Василевски Нинџа, но судијката Добрила Кацарска кажа дека добила известување од УБК дека доказите на Пепиќ не се декласифицирани, а доказите предложени од Нинџа не се прибавени на законит начин.

Претходна статијаЦеца станува дел од најпопуларното музичко шоу на Балканот
Следна статија(ФОТО) Влатко Стефановски проговори за првпат по двете загуби за една година