Силните жени не се раѓаат – Туку стануваат такви

0

Силната жена не се раѓа таква. Силната жена се создава. Од неа самата. Ден по ден. Лекција по лекција. Солза по солза. Бидејќи силната жена …

1. Знае дека да се претвораш во вистинска жена е процес. Не се раѓаш таква. Стануваш таква.

2. Може да превзема ризици. Но, не и кога би ја ризикувала сопствената среќа.

3. Умее да сме смее – над сè, најчесто над себе.

4. Умее да слуша, бидејќи знае дека од секој може да научи нешто.

5. Не игра играчки, бидејќи знае дека животот е премногу краток за залудно да го троши.

6. Сака да патува, бидејќи така ги проширува своите граници. И го лекува срцето.

7. Била повредена. Тешко. И научила да се чува. Научила да се брани.

Денес, постојано потенцираме дека живееме во модерно време. Ова се години во кои жените имаат еднакви права, или пак се борат да имаат еднакви права со мажите. Ова е генерација на силните и независни жени.

Сепак, жените отсекогаш биле силни и нивната сила не доаѓа од модерното време. најголемата сила на жените доаѓа одвнатре.

Какви се силните жени?

Тие знаат да изразат како се чувствуваат

Силната жена знае дека нема поента да заобиколува, или пак да крие како се чувствува. Таа знае дека чувањето на работите во себе само ќе го зголеми нејзиниот бес и нема да донесе ништо лошо. Таа не се расправа по секоја цена, туку секогаш знае да пренесе како се чувствува.

Таа е сигурна во себе

Оваа жена е сигурна во себе и не се плаши да ги покаже своите вистински бои. Таа минала низ многу работи во животот, но ги памети и ги носи своите искуства со себе. Поради својата стабилност и сигурност во себе, таа понекогаш ги збунува другите, но тоа е нејзината приказна.

Таа не се плаши да биде сама

Силната жена ја знае разликата помеѓу тоа да се биде сама и осамена. Таа била во различни врски и научила дека секоја врска не носи мир и среќа, дека понекогаш е подобро да се биде сам отколку заглавен со личност со која не се разбирате.

Таа има силни вредности и верувања

Силната жена го знае балансот меѓу логичкото размислување и следењето на нејзиното срце. Таа е љубезна, храбра и дарежлива. Таа знае да се повлече кога не е ценета и секогаш знае да постави граници со другите луѓе.

Нејзините разговори имаат длабочина

Таа знае да разговара на различни теми, но ужива и во обичните муабети. Таа едноставно како да има природна способност да се најде во секој разговор. Тоа е поради нејзината емоционална интелигенција и сфаќањето дека секоја личност е различна и секоја од нив бара различен пристап.

Да се биде силна, не значи да се престане да се биде ЖЕНА. Силна жена е онаа која откако е фрлена на под, ќе успее да каже: „Не ми е ништо – ќе преживеам“!

Силна жена е онаа која ги теши другите додека ги боли, додека никој не ги слуша нејзините крици. Силна жена е онаа која ќе ги испочитува другите и нивната тага и умее да ги сослуша, додека истите тие не ја препознаваат и не ни насетуваат низ што се проаѓа таа…

Силна жена е онаа која кажува шеги и силно се смее, додека се во неа се руши и копнее за помош. Силна жена е онаа која ги наѕира туѓите лаги и измами и мирно го чека моментот на предавство и својата судбина…сама во своето срце и душа, не барајќи разбирање и помош.

Силна жена е онаа која се радува само на спомените, а сепак храбро чекори кон иднината. И верувајте, силна жена е онаа која болката ја претворила во најубавата жена… Силна жена е онаа во чии ноздрви се наоѓа мирисот на цигари и сопствената крв, а која сепак мириса на свежи рози.

Силна жена е онаа која сѐ уште умее да се радува на зракот сонце рано наутро… и на своите орхидеи на својот прозорец… и на својата омилена мелодија… иако цела ноќ ја поминала со кошмари и бунило.

Силната жена е онаа која нежно те милува со своите очи во кои се враќаат солзите од вчера и денот пред тоа… а ти не ги гледаш, само ги насетуваш… и не се осудуваш да ја прашаш од каде се тие солзи… Да, силната жена е онаа чија сила ја препознаваш, а чија нежност ја чувствуваш.

Силната жена е онаа од чии усни се слуша најпрекрасната музика, додека зад затворени врати, истите тие усни се криват во неиздржив и несопирлив плач.

Силната жена е онаа чиј допир ја сочувал свилата и покрај сите грубости кои ги допрела и кои ја допреле. Силната жена е онаа која се облекува во најсветли бои, додека во себе се бори со најтешкиот мрак. Силната жена е онаа која не ја изгубила својата женственост и покрај животните удари и борби во кои морала да се бори „машки“.

Силната жена е онаа која не изгубила верба во љубов и луѓе, иако ја изневерели оние во кои највеќе вложила љубов и верба. Силната жена е онаа која се надева на најдобро, баш затоа што и се случило најлошото…

Силна жена е онаа која умрела по којзнае кој пат и која по којзнае кој пат се препородува… и трпеливо чека и чека… да се остварат нејзините соништа.

Претходна статијаЗа 2 месеци преживеав и видов повеќе отколку еден 100 годишен старец – Кога би можела да го вратам времето
Следна статијаСе собира нешто во душава брат – грутка некоја