Познатата ТВ водителка и новинарка, Нора Шаќири-Марковиќ се реши за првпат да проговори јавно за своите најтешки денови, но и за незиниот избор за партнер. Со Марко се запознавме во за мене најтешкиот период во мојот живот. Еден месец по смртта на мојот татко некако успеав да соберам сила и да се замешам меѓу луѓе и тогаш се појави тој. Ме прегрна, ми изрази сочувство за татко ми и ми рече дека ќе ме чува засекогаш. Не знам како, ниту пак од каде се појави, ама кога ме прегрна знаев дека Марко е тој.
Кај Марко сакам буквално СЕ, и тогаш кога ме вади од такт јас бескрајно го сакам. Марко е прекрасен лик, миленик на моите пријатели, Марко го сакаат сите затоа што е навистина многу добар човек. Обожавам кога го слушам како пее поготово кога сум кај него на свирка, и кога ќе отпее нешто за мене.
Нашиот народ знае да полн со предрасуди. Дали размислуваше за комшиските, сеирџиски коментари кога реши дека животот ќе го поминеш со човек од друга националност и вера?
Нора- За жал, предрасудите се дел од нашето секојдневие, јас научив да живеам со истите. Во текот на досегашниот живот многу предрасуди беа фрлени врз мене од тоа дека сум Албанка, дека сум муслиманка, дека сум јавна личност, па се до моментот дека се омажив за човек од друга националност и вера. Многумина мислеа дека со невкусни коментари можат да ни ја згазат љубовта и врската со Марко.
Но, се случи токму она што мене ми е девиза во животот „ОНА ШТО НЕ МОЖЕ ДА ТЕ СКРШИ ЌЕ ТЕ НАПРАВИ ПОСИЛЕН“. Јас и Марко победивме и покажавме што значи вистинска љубов, почит еден кон друг, почит кон семејството и кон пријателите. Целото интервју проследете го на: Женски Магазин.мк