Жељко Самарџиќ: Мојата сопруга сега има друг маж

0

Жељко Самарџиќ ќе одржи концерт во Скопје, на 16 февруари во ВИП Арената. Во Скопје, Самарџиќ ќе ги пее песните од новиот албум „Мила“, но и старите хитови. Освен новиот албум, Самарџиќ има и нов имиџ. Тој последнава година носи брада и мустаќи и е речиси непрепознатлив. Жељко почна да носи и очила и подолга коса и неодамна за еден српски портал изјави дека на улица обожавателите не го препознаваат.

„Си помислив дека на мојата публика и здосадив ваков, па решив со новиот албум да ги изненадам и со нов имиџ.“, изјави тој.

„Мојата сопруга сега има друг маж“, се пошегувал Жељко за сопругата Маја со која е заедно 40 години. Имаат три ќерки, две внуки и еден внук.

Жељко Самарџиќ ретко кога го става својот приватен живот во прв план. Неговата кариера е нешто со што може да се пофали со сигурност, но така е и кога станува збор за љубовниот живот.

Малкумина кои знаат дека Жељко речиси четири децении е во љубов со Маја. Неговата сопруга важи за убава дама која го прати својот сопруг во секој чекор и му дава голема поддршка.

Претходна статијаНора Шаќири: Многу предрасуди дека сум Албанка, а се омажив за Македонец
Следна статијаМакедонската дијаспора во Австралија дозна кој наш пејач ќе ги забавува за Нова година